10 професии што можат да ве здебелат
Најновите истражувања откриле дека професиите кои го зголемуваат нивото на стрес доведуваат и до вишок килограми. Во тој контекст, направена е листа од професии кои најмногу здебелуваат. Најверојатно ќе се изненадите од тоа кои работни места се вклучени во листата, но ако размислите подобро, ќе се согласите дека можеби има некоја вистина во сето ова. Прочитајте за кои професии станува збор…
1. Туристички агент
Овие луѓе даваат сѐ од себе за да ги исполнат потребите на секој муштерија, постојано планираат и организираат патувања. Туристичките агенти се под голем притисок и стрес, не само поради клиентите, туку и поради тоа што мора да остварат одреден профит. Освен тоа, поголемиот дел од работното време го поминуваат во седење.
2. Адвокат
Стресот и притисокот се секојдневна појава во оваа професија. Адвокатите најчесто јадат за да ја намалат анксиозноста, не ја контролираат големината на порциите и бројот на калории што ги внесуваат, па затоа постои голема веројатност да ја зголемат телесната тежина.
3. Социјален работник
Исто како и туристичките агенти, социјалните работници поминуваат многу часови во седење. Тие најчесто јадат на работната маса и немаат можност да вежбаат или да практикуваат други физички активности во текот на работната недела.
4. Професор
Кога ќе го чуете зборот „професор“ која слика ви доаѓа прво на памет? Човек што седи позади катедра, се согласувате? Иако ова не важи за сите професори, некои од нив седат додека предаваат. Освен тоа, тие имаат и многу административни работи што треба да ги завршат седејќи како што се подготовките за час, оценувањето, бележењето присуство и слично.
5. Уметник, дизајнер, архитект
Овие професии одат рака под рака со флексибилното работно време и независната работа. Со оглед на тоа што овие луѓе зависат од нивната креативност и инспирација, не мора да се држат до некои строги распореди. Истото важи и за нивните оброци. Јадат кога сакаат, а најчесто работат во седечка положба.
Продолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите професии што дебелеат…