10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Според едно социолошко истражување, човек поминува повеќе од една третина од животот на работа 40 часа неделно. Секако дека тоа што го правиме толку долг период влијае на нас и на нашите психолошки карактеристики. Покрај позитивните страни на нашата работа, постојат и негативни, познати како професионална лична деформација. На пример, бизнисмените најчесто ги проверуваат нивните имејлови и кога се на одмор, а војниците продолжуваат да наредуваат и дома. Прочитајте кои се 10-те професии што имаат лошо влијание на човечкиот карактер и како може тоа да се одбегне, за да не станете затвореници на вашата работа…

1. Војници

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Работата го менува карактерот на војниците, а може да влијае и на нивното семејство. Целото семејство живее во строга дисциплина. Лесно е да се препознае дали некое дете било воспитано во војничко семејство. Чест, достоинство и добра физичка форма се предностите на оваа работа. Но, како што минува времето, војниците стануваат сѐ поцврсти, сѐ поцинични и нивната способност за емпатија избледува. Војниците мислат дека секогаш треба да бидат непристрасни и да ги анализираат ситуациите на логичен начин, ставајќи ги љубовта и сочувството настрана. Токму затоа, тешко им е да останат добри и урамнотежени кога е во прашање нивното семејство.

2. Наставници

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Наставниците се способни да се справат со голема група деца и затоа се јавува одредена строгост во нивниот семеен живот. Најчестите особини на наставниците се авторитарност, конзервативност, склоност кон одржување монолози и почитување на формалности. Луѓето кои по цел ден работат со деца, почнуваат да се однесуваат на истиот начин и со нивните роднини на различна возраст кога им даваат совети, имаат потреба секогаш сѐ да им биде спремно и чувствуваат потреба да ги објаснуваат истите работи по 10 пати.

3. Доктори

Оваа професија ги принудува докторите да изградат цврст одбранбен ѕид, така што стануваат рамнодушни, ладни и цинични, бидејќи секојдневно се соочуваат со страдање, болка и смрт. Чудниот хумор на доктор е психолошки одбранбен механизам од постојаниот стрес и страв. Нивната навика да ги кријат емоциите и да се однесуваат смирено предизвикува емоционална отсутност и неволност за споделување на проблемите. Докторите се навикнати секогаш да бидат физички и емоционално подготвени за да помогнат.

4. Претприемачи

Водењето бизнис не е работа, туку начин на размислување и начин на живот. Оваа професија не дозволува да правите компромиси и да бидете мрзливи. За да станете успешни, работата мора да ви биде главната цел во животот. Токму затоа, претприемачите поминуваат 24 часа мислејќи на нивниот бизнис. Бизнисот е циклус кој постојано се развива без конечна цел. Ваквите професионалци постојано мислат на личниот развој и очекуваат од нивното семејство да се однесува на истиот начин. Освен тоа, тие се во состојба на постојана потрага и затоа понекогаш претприемачите не знаат што навистина сакаат.

5. Адвокати

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Оваа професија им одговара само на морално силните луѓе, бидејќи адвокатите обично се под голем притисок. Тишината е еден од главните елементи што треба да се земат предвид за оваа работа. За нив не е вообичаено да зборуваат за нивните проблеми, па затоа адвокатите ретко бараат помош и поддршка. Овие навики можат да предизвикаат депресија и анксиозност. Успешната кариера бара изострена способност да се предвидат сите негативни сценарија што можат да му се случат на клиентот. По правило, адвокатите се натрупани со обврски и ги кријат здравствените проблеми за да не им ја попречат кариерата.

6. Сметководители

10 професии кои имаат лошо влијание на вашиот карактер

Многу им е тешко на сметководителите да се префрлат од нивната работа на нивниот приватен живот. Тие се навикнати на сконцентрирана работа со бројки. Тие обрнуваат многу големо внимание на деталите, а оваа особина влијае и на нивниот приватен живот. Годините поминати во монотона и тешка работа прераснуваат во здодевност и претензија. На сметководителите сѐ им е средено и ја завршуваат секоја задача според строгиот распоред што го имаат. Тие внимателно го планираат семејниот буџет и постојано го одржуваат домот чист.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар