10 придобивки од медот за кожата и косата
Медот се смета за најголемиот подарок од природата. Неговите здравствени придобивки му биле познати на човештвото уште од пред многу векови. Се верува дека египетската кралица Клеопатра, најубавата жена во светот во тоа време, се бањала во мед и млеко.Медот исто така се употребува и во козметичките индустрии како средство за чистење и навлажнување на кожата. Тој содржи 80% шеќер и 20% хранливи материи како железо, калциум, фосфор, витамини Ц и Б како и магнезиум. Овој магичен продукт содржи антисептични и антибактериски состојки кои го забрзуваат процесот на оздравување. Овие состојки исто така го спречуваат и ширењето на бактериите така што создаваат ензими кои ги спречуваат бактериските инфекции. Токму поради тоа, медот често се користи како природен третман за рани, исекотини и изгорена кожа како помош при заздравувањето.
1. Се бори против инфекции
Медот се бори против инфекции дури и под горниот слој на кожата така што ги прочистува порите. Исто така активните состојки на медот навлегуваат во блокираните фоликули и ги убиваат бактериите кои создаваат акни и мозолчиња.
2. Природен хидратант
Медот е одличен хидратантен крем кој најчесто се користи во продуктите за нега на кожата и косата. Тој ја привлекува водата и ја задржува во кожата, притоа правејќи ја мазна и еластична. Исто така ја заштитува кожата од сушење како и од прерана појава на брчки.
3. Природен лек против егземи
Медот Манука е познат по својата моќ да излечи егзем така што ја негува оштетената кожа и помага при регенерацијата на клетките. Тој често се користи во кремите и слични продукти за борба против егземи и други форми на дерматитис. Тој исто така ѝ помага на кожата да се подмладува и освежува.
4. Извор на антиоксиданти
Медот е одличен извор на антиоксиданти кои играат огромна улога во заштитата на кожата од силните ултравиолетови зраци. Преголемата изложеност на сончевите зраци може да ја оштети кожата, предизвикувајќи нејзино прерано стареење, а во некои ситуации дури и појава на рак. Токму поради тоа, со редовна конзумација на мед можете однатре да ја заштитите вашата кожа од најразлични оштетувања.
5. Може да се употребува за регенерирање на кожата
Медот е одличен регенератор кој може да ви овозможи здрава и сјајна кожа. Измешајте една лажичка маслиново масло со една лажичка мед и неколку капки сок од лимон. Со оваа мешавина измасирајте го секој дел од вашето тело и оставете ја 10-тина минути за да дејствува. Потоа исплакнете се со вода за да добиете свилено мазна кожа.
6. Поседува антибактериски и антивоспалителни состојки
Медот е одличен за масна кожа која има тенденција да се воспалува. Тој го впива вишокот масен секрет од кожата и ги намалува шансите за развивање на инфекции и воспаленија. Измешајте една лажичка фулерова земја со 1 лажичка мед и 1 лажичка сок од лимон. Направете тенка паста од овие состојки и потоа нанесете ја на вашето лице. Оставете ја да дејствува 20-тина минути или додека целосно се исуши и потоа измијте се.
7. Одличен е за косата
Медот е одличен регенератор за косата. Тој ја омекнува и измазнува. Исто така го подобрува и здравјето на фоликулите на косата како и на скалпот. Додадете една лажичка мед во вашиот шампон доколку имате груба коса. Или пак, соберете ја вашата коса во пластична капа и држете ја така 20-30 минути за да ѝ овозможите на топлината од телото да ги зголеми придобивките од медот.
8. Спречува опаѓање на косата
Малку познат факт е дека медот всушност може да ви помогне против опаѓањето на косата. Тој содржи хидратанти кои го спречуваат опаѓањето така што го спречуваат намалувањето на влажноста на коренот. Високите количества на шеќер во медот може да ви помогнат во одржувањето на влажноста и во зацврстувањето на фоликулите на косата.
9. Има антисептични и антибактериски карактеристики
Овие карактеристики на медот имаат способност да го одржуваат вашиот скалп чист. Исто така се употребува и како превентива за габична инфекција и псоријаза на скалпот како и за намалување на првутот.
10. Одличен е за сува коса
Зголеменото изложување на сонцето и загаденоста на воздухот може да доведе до коса без елан. Но, можете многу лесно да ја вратите вашата коса во живот со помош на маска од мед. Измешајте 2 лажички мед со 2 лажички топла вода и исплакнете ја вашата коса со оваа мешавина после нанесувањето на шампонот. За брзо време ќе добиете блескава и сјајна коса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Za ovoj prilog ja imate mojata najvisoka otcenka zatoa sto nema nisto posovrseno od medot ,pa neli i starite egipjani gi balsamirale svoite umreni so premazi vo koi imalo med a isto taka stavale i glineni sadovi so med koi i den denes se vo prirodna normalna sostojba.Nema sto poveke da se pisuva za medot koj so svoite antivospalitelni ,antivirusni i drugi svojstva dokazani borci protiv mnogu bolesti trgnuvajki od dermatoloskite bolesti na kozata pa se do teski zaboluvanja kako sto se karcinomite.Koga se dozvoluva i vo ishranata na dijabeticarite vo odredeni dozi toa kazuva samo edno deka medot e eden i edinstven priroden lek so mnogu siroka paleta na lekuvanja.Nekade se pojavuva kako osnoven lek,vo nekoi slucai kako dopolnitelen poddrzuvac na terapija a sekojdnevno e vo uloga na optimalno odrzuvanje na imunitetot i otpornosta na organizmot.Osnova e na mnogu preparati koi se pravat vo oblasta na kozmetikata,alternativnata medicina (nekoi nejzini granki) i farmacijata.Seto ova go kazuvam ako normalno se upotrebuva vo normalni kolicini vsusnost kako i se SEKOJ LEK ILI HRANA E OTROV AKO NE SE UPOTREBUVA KAKO STO TREBA I VO SOODVETNA DOZA.
So pocit Vesna Piruzeva Petrovska