10 причини зошто жените (не) сакаат да мастурбираат

10 причини зошто жените (не) сакаат да мастурбираат

Иако сексуалниот однос дава многу поголемо уживање отколку што можат да пружат моментите на интимна самотија, постојат причини поради кои ова понекогаш е посакуван облик на сексуална активност. Ова се 10 од нив.

2-10-prichini-zoshto-zhenite-ne-sakaat-da-masturbiraat-kafepauza.mk

1. Секогаш е достапна

Вашиот партнер е уморен или едноставно не му е вечерта? Нема проблем. Секогаш можете да си „поиграте“ сами.

2. Слободна игра со сите играчки

Пред себе немате тајни. Слободни сте да експериментирате со секакви секс-играчки без страв дека некој ќе се возбуди премногу или пак ќе му падне самодовербата.

3. Нема врева

Партнерот знае да биде гласен кога ќе го возбудите во спалната соба? Незгодно ви е од соседите? Не мора да ви биде ако тој всушност не е со вас во собата.

4. Сама своја мајсторица

Кој знае подобро што ве возбудува од вас самите? Никој. Според тоа, препуштете се на фантазијата.

5. Нема потреба од контрацепција

Слободно заборавете на презервативите и апчињата за контрацепција. Мастурбацијата нема да ви предизвика непосакувана бременост или болести.

6. Немате обврски

Не мора да му исполнувате желби на партнерот. Сами одлучувате што ќе се случува во кревет.

7. Вие го одредувате времето

Понекогаш сексот трае предолго, понекогаш прекратко. Но мастурбацијата секогаш трае онолку колку што сакате и колку што ви е потребно.

8. Нема грижа на совест

Сексуалниот нагон понекогаш нѐ носи во креветот на непознати партнери, после што задолжително се чувствуваме виновно и со грижа на совест.

9. Не ви е незгодно од сопственото тело

Можеби сте качиле некое килце, а и депилација не би ви била на одмет. Но, тоа нема да ве загрижува ако нема кој да го види.

10. Вечерта е само ваша

Откако сѐ ќе заврши можете да гледате филм, да изедете чоколадо или едноставно да легнете да спиете. Никој нема да ви пречи, ниту да ви влијае на изборот на вечерните активности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар