10 причини зошто пливањето е најдобриот избор за секого
Пливањето е една од најдобрите активности со која можете да го почестите вашето тело. Додека пливаме го активираме секој мускул во телото, а притоа зглобовите не чувствуваат никаков притисок. Треба да ја искористите секоја можна прилика да се фрлите во море, река или езеро. Во продолжение прочитајте ги 10-те причини зошто пливањето е најдобрата рекреација за вас…
1. Помага при слабеење
Еден час поминат во пливање може да согори 500 калории. Додека пливате го активирате секој дел од телото и секој мускул, без телото да се напрега. Токму затоа речиси невозможно е да се повредите додека пливате.
2. Истовремено ги зајакнува телото и кардио способностите
При пливањето нема никаков притисок на зглобовите, но затоа резултатите се неверојатни. Пливањето се смета за аеробик, но покрај тоа вежбањето во вода исто така дава умерен отпор што резултира со зајакнување на телесната сила. Силните мускули се од витално значење за здраво тело и долг живот. Тренингот кој бара отпор исто така ги подобрува рамнотежата, сонот и здравјето на коските.
3. Им помага на белите дробови да останат здрави
Со пливањето се зголемува капацитетот на белите дробови, што значи дека телото подобро ќе го спроведува кислородот и нема лесно да останува без здив, ниту да почувствува задишување. Силните бели дробови исто така помагаат во спречувањето на некои болести. Едно истражување покажало дека луѓето со намален капацитет на белите дробови често заболуваат од кардиоваскуларни болести.
4. Пливањето е одличен аеробик
Што се однесува до годините, никогаш не е премногу рано да се почне со пливање, но и постарите луѓе кои страдаат од артритис, болки во мускулите и коските или ограничување поради телесната тежина, можат да добијат многу здравствени придобивки од пливањето, бидејќи како што веќе споменавме, при пливањето не се врши никаков притисок на зглобовите. Според тоа, секој може да плива без оглед на телесната тежина, годините или физичките способности.
5. Ги ублажува симптомите на астма
Водата е погуста од воздухот и поради тоа додека пливаме, белите дробови мораат повеќе да работат за да ја снабдат крвта со доволно кислород. Тоа е добар фитнес за белите дробови кој помага и во ублажувањето на симптомите на астма.
6. Пливањето подмладува
Пливањето можеби не ги брише порите и брчките, но докажано е дека го намалува ризикот од смрт дури за 50%. Едно истражување кое траело 32 години и во кое учествувале 40.000 испитаници на возраст помеѓу 20 и 90 години, докажало дека кај луѓето кои пливаат постои најмала стапка на смртност, дури за 50% помала од луѓето кои трчаат, пешачат и оние кои воопшто не вежбаат.
7. Го намалува ризикот од дијабетес
Со редовно вежбање се намалува нивото на глукоза во крвта. Според едно истражување, аеробните вежби и тренингот со отпор, посебно или во комбинација, ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта кај пациентите со дијабетес тип 2.
8. Добро е за бремените жени
Вежбањето во текот на бременоста не само што е добро за мајката, туку е добро и за детето, а пливањето е еден од најдобрите избори бидејќи телото не се напрега, не се загрева, а пливањето со лице свртено надолу го поттикнува протокот на крвта во матката.
9. Делува смирувачки
Водата е симбол на обновувањето и чистотата, а истражувањата покажале дека времето поминато покрај вода има слично влијание на мозокот како и медитацијата. Водата ни дава одмор од постојаната стимулација на мозокот со информации. Тоа значи дека пливањето истовремено нуди одлична вежба за целото тело и медитација. Има ли нешто подобро?
10. Ве поврзува со природата
Кога пливаме во море, река или езеро, поблиску сме до природата, а времето поминато во природа носи многу придобивки за психичкото и физичкото здравје бидејќи помага при одржувањето на здрава телесна тежина, го намалува стресот и го подобрува расположението.