10 причини зошто никогаш не треба да се обидувате да го смените вашиот партнер
Постојат некои работи кои едноставно треба да ги прифатите. Дали повеќе се фокусирате на реакциите и коментарите на вашиот партнер отколку на вашето однесување? Доколку вината за проблемите во врската постојано ја префрлате на вашиот партнер, тоа може да доведе до катастрофални последици и да се разделите. Наместо тоа, преземете одговорност за вашите постапки. Треба да се концертирате на тоа како да ја поправите врската, а не вашиот партнер. Ова се 10-те причини зошто никогаш не треба да се обидувате да го промените вашиот партнер…
1. Вашиот партнер нема да се промени
Со други зборови не можете да претворите мачка во куче. Љубовта не е доволна за да ја промени човечката природа и неговото воспитување. Доколку се заљубите во срамежлив човек, а вие сте покомуникативни и потребни ви се видливи знаци на љубов за да се чувствувате сакано, секогаш ќе бидете незадоволни. Овие разлики полека ќе го уништуваат вашиот однос и ќе ги намалат позитивните чувства во врската.
2. Наместо да го „поправате“ вашиот партнер, фокусирајте се на тоа да го подобрите вашиот живот
Многу луѓе остануваат во нефункционални врски поради несвесната желба да го променат партнерот. Во ваквите врски партнерите најчесто се целосно спротивни. На пример, ако едниот постојано угодува, другиот сака да критикува. Доколку едниот постојано попушта, другиот сака да контролира. И двајцата се обидуваат да го променат другиот и тоа доведува до крај на врската.
3. Доколку постојано се обидувате да го смените партнерот, нема да можете да ги решите вистинските проблеми
Запрашајте се: „Што се обидувам да постигнам?“ Одбегнувајте ги навредливите зборови и не го напаѓајте партнерот. Запаметете дека лутината е всушност симптом на потисната болка, страв и фрустрација, така што обидете се да размислувате со чиста глава. Немојте да ги превртувате очите, да се исмевате, да го навредувате или да употребувате сарказам додека разговарате со партнерот. Наместо тоа, фокусирајте се на вистинскиот проблем и обидете се да пронајдете решение.
4. Кога ќе го смените погледот кон работите, ќе се промени и вашето мислење
Тоа не значи дека треба да толерирате навреди и непочитување. Тоа значи дека вашите нереалистични очекувања влијаат на вашите чувства во врска со партнерот и неговото однесување. Вашата среќа и разочараност ќе зависат од тоа колку вашите очекувања се исполнети во реалноста. Но, таквиот начин на размислување е погубен за вашата врска, бидејќи никој не е должен да ги остварува вашите замисли и желби.
5. Доколку се обидувате да го смените вашиот партнер, нема да можете искрено да разговарате за главните проблеми во врската
Бидете многу директни кога ќе зборувате за вашите грижи, размислувања, чувства и желби. Најважно од сѐ, покажете почит. Заборавете на обвинувањата и размислете каде е вашата грешка во целиот конфликт, бидејќи сите знаеме дека за кавга се потребни двајца.
6. Фокусот на тоа да промените некого само ќе го спречи заздравувањето на старите рани
Кога ќе имате негативно мислење за однесувањето на партнерот, обидете се да го промените начинот на размислување. Слушнете ја неговата верзија од приказната. Дали се чувствувате повредени и фрустрирани дури и тогаш кога тој ќе ви изложи аргументи што го докажуваат спротивното од вашето верување? Тоа е добар знак дека проблемот лежи во вас, а не во вашиот партнер.
7. Обидите да го промените партнерот ја намалува вашата способност за простување
Не заборавајте дека вие и вашиот партнер играте за истиот тим. Прифатете го фактот дека тој или таа даваат сѐ од себе и покажете повеќе разбирање. Тоа не значи дека треба да ги занемарите нивните постапки што ве повредиле. Меѓутоа, обидете се да бидете пореални и не си земајте сѐ при срце. Размислувајте на тој начин што ќе ги прифаќате и опростувате секојдневните мали разочарувања. Никој не е совршен. Не дозволувајте неговите недостатоци и иритирачки навики да влијаат на вашата врска.
8. Преземете одговорност за вашата вина и на тој начин ќе покажете позитивен дух
Ова може целосно да ја промени динамиката на врската. Доколку ја прифатите вашата вина, вие буквално можете да ги промени мозочните бранови во главата на партнерот. Извинете се кога треба. На тој начин ќе можете да заборавите на вашите несогласувања и да продолжите понатаму.
9. Обидите да го промените партнерот можат да доведат до крај на врската
Критикувањето е една од главните причини за развод. Постои разлика меѓу ова и конструктивниот совет или гласното искажување на некој проблем. Критикувањето е директен напад на партнерот. Вие го доведувате до прашање неговиот карактер кога го критикувате. На пример, укажување на некој проблем би било: „Се загрижив затоа што доцниш. Се договоривме дека ќе ми се јавиш доколку доцниш“. Но, критиката би звучела вака: „Никогаш не мислиш на мене! Толку си себичен!“.
10. Нема да можете да покажете ранливост, доколку постојано се обидувате да го промените партнерот
Независноста е многу корисна во сите животни области, но може да го уништи создавањето на вистинска интимна поврзаност. Доколку сакате да го одржите балансот во врската, мора да зависите еден од друг на здрав начин, да си давате поддршка и љубов. Доколку се обидувате да го промените партнерот, нема да можете да остварите вистинска интимност.
Доколку вашата врска тргнала во погрешна насока, не грижете се. Постојат одредени стратегии кои можат да ве вратат на вистинскиот пат. Преземањето одговорност и правењето компромис се клучните алатки што ќе ви помогнат да ја зачувате љубовта. Разговарајте за проблемите. Доколку ја прифатите идејата дека конфликтите се неизбежен дел од секоја љубовна врска, ќе можете многу полесно да ги надминете сите несогласувања и да изградите успешен и долготраен однос.