10 причини зошто е редно време да ѝ се јавите веќе еднаш
Ако сакате да импресионирате некоја девојка, клучот лежи во комуникацијата. Денес постојат милион начини на кои можете да стапите во контакт со личноста која ве интересира. Секако дека е во ред да ѝ пратите порака и треба да го правите тоа често, но сепак ништо не може да се спореди со телефонскиот повик. Без да должиме многу, ова се 10-те причини зошто треба да ѝ се јавите уште веднаш…
1. Поинтимно е. Покажува поинакво ниво на личен интерес. Тоа значи дека навистина сакате да ја запознаете.
2. Ве прави поразлични од останатите момци. Сите го одбираат полесниот пат и праќаат пораки. Ако едноставно ја кренете слушалката и ѝ се јавите, тоа ќе ви даде голема предност. Освен тоа, ако таа има и други додворувачи, а веројатно има, додека тие губат време на праќање пораки, таа ќе разговара на телефон со вас и логично е дека нема да може да им одговори.
3. Девојките сакаат момци кои знаат да слушаат. Оваа ваша дарба ќе можете да ја покажете само преку вистински разговор. Невозможно е да слушате некого преку пораки.
4. Помажествено е. Тоа што нема да се криете позади тастатурата е знак дека имате голема самодоверба. Соберете храброст и јавете се.
5. Ќе имате подобра комуникација. На овој начин ќе ги одбегнете сите недоразбирања. Пораките можат да доведат до голем број пречки во комуникацијата, а тие се главниот виновник за лошите претпоставки и очекувања.
6. Нема да можете да правите правописни грешки. Факт е дека голем број млади имаат проблем со правописот. За некои девојки тоа може да претставува голем минус и ризикувате да оставите лош впечаток ако пишувате „сватив“ наместо „сфатив“ и „незнам“ наместо „не знам“. Побезбедна варијанта е ако едноставно се јавите.
7. Ќе имате вистински разговор. А девојките обожаваат вистински и значајни разговори.
8. Ви нуди можност да покажете дека сте интелигентни. Поголемиот дел од девојките сакаат интелигентни момци. На овој начин ќе можете течно да зборувате за политика, економија, книги и на која било друга тема.
9. Подобро ќе можете да разберете дали навистина ѝ се допаѓате. Ако навистина е заинтересирана, таа ќе се труди да го одржи разговорот и да направи да трае што е можно подолго. Ќе можете да видите дали навистина се смее на вашите глупави шеги и какви се нејзините вистински реакции на вашите коментари.
10. Ќе знаете дали е вљубена до уши во вас. Ако таа без никаков проблем може да зборува со часови со вас во ниедно време од ноќта, можете да бидете сигурни дека комплетно ја изгубила главата по вас.