10 причини зошто е потребно да го прифатите вашиот гнев

10 причини зошто е потребно да го прифатите вашиот гнев

Сите знаеме дека гневот е навистина непријатен. Нѐ прави анксиозни и нѐ поттикнува да правиме нешта за коишто подоцна се каеме. Во општество коешто е опседнато со „принципот на задоволство“ – барање само „позитивни“ емоции за да избегнеме страдање – често ни се чини дека нема простор за гнев. Но, игнорирањето на болката и гневот не е добро за нашето здравје. Можеби токму тоа е причина зошто многумина од нас се збунети и депресивни.

Сите наши емоции – позитивни и негативни – постојат за да нѐ научат нешто корисно. Па, време е да си дозволиме чувство на фрустрација, да се налутиме и да го чувствуваме сето она што навистина го имаме во нас. Со ова не сакаме да кажеме дека е потребно да бидете гневни на сѐ, туку да се ослободите од гневот тогаш кога ќе чувствувате потреба за тоа. Тој е нормален и здрав. Понекогаш дури и неопходен. Еве зошто:

10 причини зошто е потребно да го прифатите вашиот гнев

1. Гневот е биолошки

Од биолошка гледна точка, гневот е важен за опстанокот на човекот. Вграден е во нашата природа со цел да се заштитиме самите себеси. Во моментите кога чувствуваме опасност, гневот се ослободува од нашето тело за да се одбраниме, тој е причината зошто се бориме и се бунтуваме против неправдите.

Иако гневот не треба да ни биде единствената мотивација, сепак треба да му дадеме простор и да го послушаме кога е потребно.

2. Кога ќе го пуштиме гневот на слобода се чувствуваме ослободено

Гневот често знае да нѐ исплаши затоа што мислиме дека го буди најлошото во нас, но тоа е погрешно. Најлошото во нас се буди токму кога не се ослободуваме од него. Кога го чуваме и негуваме нѐ јаде однатре. Во моментот кога ќе го препознаеме и ќе го изнесеме надвор од нас, чувствуваме ослободување на тензијата и незадоволството.

3. Гневот сака да ни каже нешто важно

Најчесто постои добра причина зошто сме гневни. Гневни сме доколку не го добиеме унапредувањето на работа или нешто друго што сме го посакувале многу долго време. Што ни кажува ова? Ни кажува дека нешто навистина ни било важно – самото тоа ни укажува на фактот дека правиме нешто правилно. Гневот нѐ потсетува дека живееме со причина и со цел, а понекогаш неуспехот и одбивањето ни се неопходни потсетници за тоа.

4. Гневот нѐ мотивира

Луѓето често си мислат дека гневот нѐ поттикнува да правиме непромислени работи. Тоа може да биде вистина само ако дозволиме. Според едно истражување од 2010-та година, гневот служи како мотивација кога пристапуваме кон остварување на некоја зацртана цел. Точно, гневот поттикнува агресивност, но и агресивноста може да се искористи мудро.
Можеме да го искористиме гневот за подобро да работиме, да се надградуваме и да учиме.

5. Нѐ прави пооптимистични

Оптимизмот и гневот се две емоции коишто често не соработуваат добро. Но верувале или не, гневните луѓе се далеку пооптимистични од останатите. Гневните луѓе прават пооптимистични избори, а оние коишто се поисплашени и песимистични често носат одлуки што имаат полоши последици. Гневот е многу попродуктивна емоција од стравот.

6. Ги подобрува нашите врски

Доколку гневот се прикрива во интимните врски, тоа може да биде многу штетно. Кога го потиснуваме длабоко во нас, одбиваме да комуницираме со луѓето коишто ги сакаме. Тогаш пак, кога го изразуваме гневот на разумен начин, им укажуваме на луѓето каде погрешиле и на тој начин пристапуваме поефикасно кон конфликтот.

7. Ни помага појасно да зборуваме

Често имаме навика, поради стравот од тоа како ќе бидеме сфатени, да не го кажуваме тоа што навистина го мислиме. Но, нели кога сме најгневни сме и најискрени?
Според Кин Јегер, директор на програмата „Стрес, траума и еластичност“ на Државниот универзитет во Охајо:

„Многу често луѓето се преоптоваруваат да ги кажат нештата на културен начин, но притоа значењето на зборовите се губи во процесот. Кога некоја личност е гневна, ќе го каже токму тоа што треба и на начин што ќе ѝ овозможи да го изрази токму тоа што го мисли.“

8. Ни помага да си ги дознаеме сопствените недостатоци

Истражувањата покажуваат дека 55% од времето, изблиците на гнев можат да донесат позитивен резултат. Доколку му дозволите, гневот може да ве научи што да направите за да си го подобрите животот.

9. Гневот всушност го намалува насилството

Точно е дека премногу гнев може да доведе до насилство. Но доколку малку ги „смириме страстите“, ослободувањето на гневот може да спречи какви било насилни тенденции.

Уште поважно, гневот е знак дека е потребно нештата да се решат. Ова ги мотивира засегнатите страни да ја поправат ситуацијата во којашто се наоѓаат и да ја смират лутата страна.

10. Ја подобрува емоционалната интелигенција

Емоционалната еластичност е нешто по коешто сите копнееме да го постигнеме. Тоа е речиси натчовечка способност да се справиме со емоциите и од нив да извлечеме поука. Затоа е потребно да им дозволиме на емоциите да си го заземат потребниот простор и да му овозможиме на гневот да ни помогне да се запознаеме подлабоко.

Гневот се манифестира различно кај секој. Прочитајте како да се справите со хороскопските знаци ако ги разгневите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар