10 причини зошто е најдобро да ја признаете вашата љубов
Веќе некое време сте во недоумица дали да ги признаете вашите чувства пред одредена личност. Можеби сте веќе заедно или би сакале да бидете во иднина, во секој случај доколку чувствувате љубов треба да ја искажете. Ова се 10 причини зошто треба веднаш да прекинете со премолчување на вашите чувства.
1. Затоа што личноста ќе знае дека некому многу му значи, а тоа секогаш е благородно чувство.
2. Нема потреба да се плашите од тоа што сакате некого. Секогаш е убаво да бидеш сакан, но потребна е храброст за да љубиш.
3. Најлошото нешто што може да ви се случи е личноста да каже дека не го чувствува истото. Па што? Подобро тоа отколку да си речете дека никогаш не сте пробале.
4. Тој/таа ќе ве цени поради вашата искреност и отвореност.
5. Можеби личноста чека на вас. Доколку и вие чекате другата страна да го преземе првиот чекор, може и двајцата никогаш да не соберете храброст.
6. Девојки, заборавете на непишаното правило дека треба да чекате момците да го направат првиот чекор. Момци, тоа што ќе ја признаете вашата љубов, не ве прави „папучари“ туку храбри.
7. Затоа што со тие едноставни два збора изразувате голема благодарност за сè што личноста прави за вас и сè што таа претставува.
8. Бидејќи неизвесноста кога не знаеш дали те сака е едноставно неподнослива. Скратете му/ѝ ги маките и отворете ги картите.
9. Затоа што со изјавувањето љубов може да ставите крај на караниците или на нестабилниот однос кои траат веќе со денови.
10. Ако некој прави да се чувствувате среќно и исполнето, заслужува да го знае тоа.