10 причини поради кои најмногу ќе зажалите доколку сте љубовница или љубовник

10 причини поради кои најмногу ќе зажалите доколку сте љубовница или љубовник

Почетната страст и возбудата често се претвораат во разочарување, затоа што ваквиот однос се темели на криење и лаги. На заљубените им се зголемуваат очекувањата од партнерот, но и фрустрациите.

1.-10-prichini-poradi-koi-najmnogu-kje-zazhalite-dokolku-ste-ljubovnica-ili-ljubovnik-kafepauza.mk

Ова се 10 причини поради кои ќе зажалите најмногу за ваквата врска.

1. Криење

Иако некои во љубовниот однос ќе видат страст без обврски, други ќе си наоѓаат оправдувања нарекувајќи ја својата состојба минлива заљубеност, ваквите „аранжмани“ на долги патеки имаат многу недостатоци. Прва и основна е криењето, затоа што љубовниците мораат да се држат подалеку од јавноста. Магијата од „забранетото овошје“ брзо избледува ако сте приморани времето да го поминуваат во евтини хотелски соби или пак да се криете во автомобил.

2. Лаги

Врската со љубовникот или љубовницата има лаги, и тоа многу. Колку подолго трае односот, толку повеќе лагите се провлекуваат низ животот и предизвикуваат чувство на немир и потешкотии. Лажењето на семејството и пријателите е исто така дел од проблемот, а оние кои се во ваков однос најмногу се лажат себеси – било да си велат дека тоа не ги прави лоши било да ги намалуваат своите негативни емоции, прифаќајќи ги лагите од љубовникот дека е во лош брак и слично.

3. Грижа на совест

Без разлика на религиозното верување, општоприфатена е нормата дека бракот е нешто што не би смеело да се „допира“. Тоа посебно доаѓа до израз во ситуациите каде што постојат и деца. Иако тоа не е нешто што се појавува кај љубовниците кои се занесени од страста, со време неминовно ќе се наметне прашањето за последиците од ваквата врска.

4. Осудување

Луѓето ги осудуваат љубовниците, дури и кога ги лажат во лице дека не е така. Колку повеќе луѓе знаат за целата приказна, толку повеќе се зголемува кругот на осудувачите, а тајните полека се издаваат и се шират во облик на гласини. Љубовниците брзо стануваат „неморални“ и обвинети поради недостаток на самодоверба, но и заради нискиот начин на задоволување на своите потреби.

5. На последно место

Колку и да изгледа дека партнерот е грижлив и внимателен, љубовникот или љубовницата секогаш се зад семејството и сопружниците поради разни причини. Ако тоа се промени после некое време, се наметнува прашањето, зошто претходно не ви сметал таквиот однос, но ако го поставите гласно, тоа истовремено е ризик забавната врска да премине во нешто што оној кој изневерува веќе го има дома.

1.-10-prichini-poradi-koi-najmnogu-kje-zazhalite-dokolku-ste-ljubovnica-ili-ljubovnik-kafepauza.mk

6. Љубов или искористување?

Дури и ако врската на почеток се сведува само на секс, честите дружење и размената на нежности, често резултира со развивање на вистински емоции наместо да остане само на секс. Тогаш се зголемуваат и очекувањата и желбите, а врската станува емоционален рингишпил – од моменти на голема среќа до моменти на тага и себепрашување, дали сето тоа се сведува само на секс и забава?

7. Добивате само делчиња

Колку и да сте заљубени и колку и често да се гледате, љубовниците никогаш не добиваат целосна врска која подразбира јавно признавање, заеднички утра, празници, родендени, повици кога сакате… Тоа обично не е проблем на почетокот, но со будењето на чувствата тоа станува препрека и голем извор на фрустрација.

8. Како да верувате?

Фактот дека ваквиот однос по дефиниција се заснова врз лажење на другите, тешко е да се потпрете на она што ви го кажува партнерот. Дали таа/тој сè уште спие со својот/ата сопруг/а, дали ја доживуваат ваквата врска сериозно, дали имаат вистински намери да излезат од бракот – некои од овие прашања се местото каде што се крши довербата. Дури и ако другата страна се разведе, големото прашање е дали можете да имате доверба дека истото нема да ви се случи и вам.

9. Сè води кон крај

Околу 90% од вонбрачните врски не завршуваат со развод, туку со прекинување на врската со љубовникот односно љубовницата. Најчесто сопружниците ја дознаваат целата приказна и поставуваат ултиматум, но можно е и да оладат односите од едната или од другата страна поради фрустрации или пак поради преголем притисок.

10. Животот поминува

Секоја врска ве обликува и од неа можете нешто да научите, но сосема е поинаку кога „туркате“ нешто за кое одамна знаете дека нема иднина, а притоа повеќе тагувате отколку што уживате. Таквиот тип деструктивно однесување може да премине во вистинска зависност, а истовремено да пропуштате прилики да запознаете подобри и попогодни партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар