10 знаци дека тој во вас гледа вистинска дама
Постојано се зборува за тоа што значи да се биде џентлмен, кои се неговите начини на однесување и како тој со кавалерството може да освои одредена жена, но зарем би можеле да постојат џентлмени доколку нема дами? Погледнете ги следниве начини на кои мажите ги гледаат дамите и откријте дали тој во вас гледа само уште една обична девојка или вистинска елегантна дама…
1. Дамата нема потреба од него, но таа сепак го посакува
Постои една изрека која вели:
„Незрелата љубов вели: Те сакам затоа што ми требаш, додека пак зрелата љубов вели: Ми требаш затоа што те сакам.“
Многу е важно да се запомни дека една интелигентна, зрела и исполнета жена нема потреба од маж кој ќе се грижи за неа, туку сака поеднаков партнер со кој ќе може рака под рака да го освои светот.
2. Дамата знае како да направи значаен разговор
Без разлика на темата за која разговарате, многу е лесно да се забележи разлика помеѓу девојката чии основни интереси се новите светкави штикли на Ким Кардашијан и дамата со која можете да имате длабок, реален и значаен разговор. На секој маж му е потребна интелектуална стимулација, меѓу другото, па токму затоа тие преферираат да бидат со дами со кои можат лесно и ефективно да комуницираат.
3. Дамата е горда на својот изглед, но тој ѝ доаѓа на второ место по нејзината внатрешна убавина
Елеганцијата не е вид стил, ниту пак има врска со марката или цената на вашата облека. Таа е нешто што го носите во себе, начинот на кој се покажувате и начинот на кој се однесувате кон другите луѓе. Една личност не може да се смета за елегантна само затоа што така се облекува. Тоа е нешто што постои длабоко во неа.
4. Девојките очекуваат нешта од момците, додека пак дамите ги ценат
Секој маж сака да може да се грижи за својата девојка. Особено на почетокот од врската, кога тој ужива да ја носи на состаноци, да плати за нејзиниот оброк и потоа безбедно да ја врати до својот дом. Ова е еден традиционален начин на покажување кавалерство. Но, имајќи го тоа на ум, мажите многу повеќе ценат кога во врската постои реципроцитет, односно кога дамите покажуваат дека и тие се заинтересирани да придонесат за нешто и дека го ценат она што тие го прават, а не само да седат настрана и да очекуваат мажите да се погрижат за сè само затоа што тие се жени.
5. Дамата разбира дека не секогаш помалку е повеќе
Да, станува збор за облека. Девојките сметаат дека колку пократко здолниште носат, толку посекси изгледаат, додека пак дамите знаат да изгледаат секси дури и ако се облечени од глава до пети. Дамата која е елегантна знае како да изгледа и секси и префинето во исто време. Таа се движи на линијата помеѓу секси и прекрасно, па токму со тоа мами многу погледи.
6. Дамата не бара постојано внимание
Многу пати, дамите кои не бараат внимание се токму оние на кои мажите треба да го посветат своето внимание. Девојките кои се секогаш сјајни, гласни и зборлести го привлекуваат целото внимание околу себе, но реалноста е дека тие тоа го прават со цел да ја скријат неудобноста која ја чувствуваат во својата кожа. Дамата го цени вниманието кое ѝ го посветуваат, но не ѝ е потребно за да напредува.
7. Дамата има визија за својата иднина
Девојката само лебди низ својот живот без никаква насока. Секако, на некои луѓе им е потребно многу повеќе време да откријат што сакаат од својот живот, но со тек на време сите стигнуваат до одреден план за својата иднина. Вистинската дама одамна одлучила каков ќе биде нејзиниот живот во иднина и таа веќе почнала да работи на остварувањето на оваа визија, долго пред да го запознае мажот со кој ќе сака да го помине својот живот.
8. Дамата го разбира значењето на компромисот
Девојката смета дека доколку не биде по нејзино, нема воопшто потреба да се труди да продолжува понатаму, додека пак дамата разбира дека животот постојано се менува и дека никој никогаш ништо не може да знае за во иднина. Во секој момент во нејзиниот живот може да влезе личност која целосно ќе ѝ го промени и таа разбира дека нема ништо лошо во тоа. Всушност, тоа е единствениот начин на кој ние луѓето можеме да растеме и да се развиваме.
9. Дамата презема одговорност за својот живот
Еден од најсигурните знаци на зрелост е способноста да се препознаат своите грешки и да се презема одговорност за нив. Дамата во секој момент е свесна за она што се случува околу неа и доколку настане некој проблем, таа нема да ја префрла својата вина врз некој друг.
10. Дамата е личност со која можете да ја замислите вашата иднина
Покрај дама вие можете реално да замислите како вашиот заеднички живот би изгледал во следните 10 години. Таа е личност која секој маж може да ја замисли како своја сопруга, мајка на своите деца и рамноправен партнер со кој секојдневието би го поминувал полесно. Таа е неговата најдобра пријателка, но и неговата љубовница. Дамата е жена која прави тој да сака да биде подобар!