10 прехранбени производи кои ќе ви обезбедат енергија за целиот ден
Има денови кога сте преплавени со обврски и постојано сте во движење, што значи дека немате доволно време за нормални оброци кои ќе ви ги обезбедат сите потребни хранливи материи. Затоа е добро да знаете кои продукти во исхраната ќе ви обезбедат доволно енергија за да можете да ги извршите сите задачи во текот на денот.
1. Јајца
Јајцата се извор на протеини кои ќе ви помогнат во изградбата на мускулите, а истовремено и ќе ви го забрзаат метаболизмот. Тие обилуваат со витамини Б и Д, кои храната ја претовараат во енергија, па затоа се вели дека јајцата се одлични за почеток на денот.
2. Соја
Витаминот Б е клучен за разбивање на јаглехидратите и нивното претоварање во гликоза, горивото за нашиот организам. Покрај тоа, витаминот Б кој се содржи во сојата помага во транспортот на кислородот низ нашето тело, а тој е заслужен да не чувствуваме замор.
3. Житарици
Покрај тоа што изобилуваат со хранливи влакна, житариците бавно испуштаат гликоза во крвотокот, па директно се одговорни за тоа што се чувствуваме силно и енергично.
4. Јаткасти плодови
Без разлика дали ги консумирате помеѓу оброците или како додаток во јадењата, јаткастите плодови се корисни затоа што се полни со здрави маснотии, протеини и влакна. Покрај тоа го потиснуваат гладот поради високото ниво протеини, а го намалуваат чувството на исцрпност после тренинзите или напорниот ден на работа.
5. Киноа
Станува збор за житарица која содржи најмногу протеини. Овој богат извор на хранливи материи му помага на телото да изгради енергетска рамнотежа и тоа најмногу благодарение на минералите и јаглехидратите. Корисно делува и на кардиоваскуларниот систем и дигестивниот тракт.
6. Семки од тиква
Слично како киноата, семките од тиква се одличен продукт кој брзо го подигнува нивото на енергијата во организмот. Инаку, познато е дека спортистите редат семки од тиква во своите шејкови, за да го забрзаат процесот на заздравување, како и да ја задржат енергијата во организмот.
7. Гоџи бобинки
Иако со векови наназад во Кина се користат како дел од исхраната, малку луѓе слушнале за овие чудотворни бобинки. Покрај тоа што го подобруваат протокот на крвта, тие ја стимулираат работата на мозокот, мозочните клетки и мускулните ткива.
8. Чоколадно млеко
Верувале или не, чоколадното млеко е 80 проценти вода, калиум, натриум и електролити кои се одговорни за нивото на водата во организмот и за правилната работа на мускулите. Многу од електролитите се губат при потење, па чоколадното млеко може да биде вкусен извор на енергија.
9. Гуарана
Не зборуваме за енергетскиот пијалак, туку за гуарана бобинките, семки од едно бразилско растение кои содржат скоро двојно повеќе кофеин од кафето.
10. Банана
Содржат само 100 калории, а преполни се со хранливи материи. Тие обилуваат со влакна, магнезиум и калиум, кои се одговорни за правилната работа на мозокот. Уште една предност на ова овошје е што го подобрува варењето.