10 предупредувачки знаци дека вашата врска ве прави депресивни

10 предупредувачки знаци дека вашата врска ве прави депресивни

Депресијата е чувство како постојано да сте под некој темен облак. Може да направи да се чувствувате навистина лошо, уморно и да немате интерес за ништо. Депресијата исто така предизвикува лоши мисли за вас, за другите и за вашата иднина. Таа може да биде предизвикана од недостаток на моќ, но причината може да биде и друга личност. Ако се чувствувате немоќно и повредено во врската, без разлика дали е постојано или поради некој настан, големи се шансите да бидете депресивни. Погледнете ги 10-те знаци кои покажуваат дека е можно вашата врска да е причина за вашата депресија. Немојте да ги игнорирате овие предупредувања за да можете да си помогнете навреме.

10-znaci-deka-vashata-vrska-ve-pravi-depresivni-kafepauza.mk

1. Се чувствувате доминирано

Депресијата може да се појави кога се чувствувате помало и помалку моќно од личноста со која сте. Не секоја разлика во моќ предизвикува депресија. На пример, кога родителот ја има моќта во здрава врска со неговото дете и ја користи таа моќ за да му помогне наместо да доминира, детето ќе биде во ред. Слично и работодавците имаат моќ над вработените. Но, во романтичната врска помеѓу двајца возрасни важно е моќта да биде иста наместо да постои нерамнотежа.

2. Се чувствувате критикувано

Давањето мислење не е проблем, но критикување е. Давањето мислење обично започнува со „Јас“, како на пример: „Јас се чувствувам нервозно кога другите те сметаат за привлечна“ или пак „Јас се чувствувам непријатно во врска со твојата нова облека бидејќи не знам дали ќе имаме доволно пари за сметки овој месец.“ Критиките од друга страна имаат тон на судење и тоа претставува проблем.

3. Партнерот ви кажува што да правите

Дури и едноставна наредба како: „Подај ми го весникот“ може да иритира. Никој не сака да му биде кажувано што да прави, па ако ова се случува постојано, може да се појави депресија. Депресијата се појавува кога чувствувате дека вашата моќ не е важна. Кога партнерот постојано ви кажува што да правите, веројатно ќе се чувствувате како слуга. Кога сака да направите нешто, тоа треба да биде молба која ќе можете и да ја одбиете.

4. Партнерот се обидува да ве контролира

Контролира над вашето слободно време, финансии, пријатели и излегувања, сето ова може да предизвика чувство на депресија. Ако ви се налути затоа што не сте ги измиле садовите или пак не сте ја средиле вашата облека, тоа може да биде знак дека партнерот се обидува да ве контролира. Ова однесување од негова страна може да предизвика чувства на депресија.

5. Вашиот партнер е „секогаш во право“

Во ред е партнерот да биде во право, сè додека не бара постојано да биде во право. Во овој случај тој никогаш нема да си ги признае грешките, а тоа е проблем. И ако вашиот партнер постојано е во право, тоа значи дека вие постојано грешите. Внимавајте на ова однесување.

6. Важно е само мислењето на партнерот

Слушањето во здравата врска е потребно бидејќи важни се мислењата и на двајцата. Ова важи без разлика дали мислите каде да јадете или каде да купите куќа. Ако вашето мислење никогаш не се зема предвид, постои ризик да се чувствувате немоќно и депресивно.

7. Вашиот партнер е во депресија

Депресијата е заразна. Кога некој страда од ова нарушување тој го гледа светот, вклучувајќи ве и вас, низ темни очила. Ако го прифатите гледањето на вашиот партнер, големи се шансите и вие да потонете емоционално.

8. Вашиот партнер лесно се иритира

Ова значи дека многу лесно станува гневен. Гневот шири токсична негативна енергија, а оваа токсичност може да предизвика депресија. Навистина е вознемирувачко и непријатно да сведочите на гнев, особено ако е насочен кон вас.

9. Партнерот ве малтретира

Малтретирањето може да биде емоционално (со контролирање, нарекување имиња и критики) или пак физичко (туркање, удирање и слично). Секое од овие малтретирања е неприфатливо во врската. Импулсот да повредите некого е спротивен од импулсот на љубов, грижа и интимност. Малтретирањето, нормално, може да предизвика депресија. Секој вид ценење предизвикува добри чувства.

10. Партнерот не го завршува неговиот дел

Партнерот кој активно учествува во врската, кој ве сака и кој ви помага е совршен. Без разлика дали ви прави појадок или ви помага во домашните обврски, помагањето е секогаш знак на љубов. Но, партнерот кој не го завршува неговиот дел е пасивно провокативен. Иритацијата и гневот кои ќе ги чувствувате се поради тоа што сметате дека немате созреан партнер. Ова ќе направи да се чувствувате лошо и може да предизвика чувства на депресија.

Погледнете ги и знаците кои укажуваат на токсична врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар