10 правила за здрав живот што се покажале како лажни
6. Не пиете вода за време на оброци
Водата е есенцијален елемент за дигестивниот систем да работи правилно. Ако вашето тело не прима доволно течности, стомакот надополнува со плунка. Поради ова пиењето вода е добро и потребно. Ќе му ја олесните дигестијата и апсорпцијата на стомакот.
7. Оброци во исто време
Нема потреба да јадете ако не се чувствувате гладно. Најважното правило е да јадете само кога чувствувате глад. Вашето тело ќе ви каже кога е време за следниот оброк. А кога станува збор за бројот на оброци, најдобро е целата храна да ја поделите во 5-6 одделни оброци.
8. Миење заби по секој оброк
Јадеме многу кисела храна во текот на денот – чај од лимон, кисели краставички, преливи за салати… Остатоците од оваа кисела храна го оштетуваат емајлот на забот. Миењето веднаш по оброкот може да ја направи штетата уште полоша. Покрај тоа, честото миење може да предизвика крвавење и болка во непцето. Немојте да го следите секој нов совет. Доволно е да ги миете забите наутро и навечер.
9. Откажување од печива
Лебот содржи многу неопходни хранливи влакна кои го отстрануваат холестеролот од вашето тело. Исто така лебот ја подобрува работата на дигестивниот систем. Се разбира, ова не значи дека треба да јадете само леб, доволно се 200 грама дневно.
10. 2 литри вода дневно
Количеството вода што го пиете треба да е соодветно со вашата тежина – 30 милилитри за секој килограм. Треба да обрнете внимание и на факторите како временски услови, влажност и губење вода за време на вежбање. За да ја одржите рамнотежата на вода во телото можете да пиете и чај, кафе, сок и други течности.
Прочитајте ги и овие едноставни совети за долг, среќен и здрав живот.