10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Постојат многу комплицирани и ефикасни трикови како да инвестирате пари и да заработите повеќе. Но, тие трикови најчесто се ефикасни само за луѓето што се талентирани да водат бизнис. Сепак, тоа не значи дека сите други луѓе што сакаат да бидат богати немаат шанси за тоа. Тие треба само да научат некои други трикови и пристапи, а во продолжение прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат во тоа.

1. Инвестирајте во себе

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Најдобрата инвестиција што можете да ја направите за вашата иднина е да инвестирате во себе. Колку порано ќе го сфатите тоа, толку подобро затоа што треба да направите колку што е можно повеќе различни работи додека сте млади.

Тоа значи дека треба да учите нови работи. Не значи дека мора да завршите факултет, но барем обидете се да научите нешто ново што навистина ве интересира. Читањето книги, курсевите преку Интернет, добивањето сертификати или учеството во програми за личен развој се одлични опции. Колку повеќе ќе инвестирате во себе, толку повеќе ќе вредите. Во современиот свет, секој има пристап до многу бесплатни обуки, па обидете се да откриете во која насока треба да се движите.

2. Запомнете го правилото од три 8-ки

Во просек, треба да работите 8 часа на ден, да спиете 8 часа навечер и да имате околу 8 часа слободно време. Па, слободното време искористете го паметно. Направете нешто од коешто може да имате долгорочна корист, така што можете да ги усовршите вештините што веќе ги имате или да стекнете нови, наместо само да гледате видеа на Интернет.

3. Бидете внимателни кога им позајмувате пари на пријателите и на роднините

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

И покрај тоа што ги сакате роднините и пријателите и се грижите за нив, сепак се надевате дека ќе ви ги вратат парите што им ги позајмувате, нели? Но, проблемот е во тоа што тие можеби размислуваат поинаку, па веројатно се надеваат дека ќе заборавите на тој долг со текот на времето. Сепак, вие не мора да бидете толку дарежливи.

Поради ваквите недоразбирања, можеби ќе ставите крај на вашите односи. Или воопшто не позајмувате пари или договорете се да ви ги вратат парите во дадениот рок.

4. Трошете помалку и ќе бидете послободни и пофлексибилни

Написите за богатство често препорачуваат да трошите помалку пари. Овој совет всушност има многу повеќе смисла отколку што мислите. Замислете дека ја мразите работата и живеете во место што не ви се допаѓа, но сте во можност да промените сè кога ќе посакате. Кога ќе започнете да штедите повеќе пари, ќе бидете пофлексибилни. Освен тоа, ќе можете да направите многу работи што ви се навистина важни.

5. Следете го правилото од 24 часа

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Кога купувате нешто, можеби ќе ве понесат емоциите. Кога купувате нешто мало, лесно е да го направите тоа бидејќи парите што ги трошите не се значајни. Но, кога ќе ги соберете сите такви трошоци, ќе сфатите дека непотребно сте потрошиле многу пари.

Па, за да ги намалите трошоците и да престанете да купувате производи што не ви требаат, мора да го следите правилото од 24 часа. Почекајте 1 ден пред да купите нешто. Вашите емоции ќе се смират и ќе сфатите дали навистина ви треба тој производ.

6. Секој ден трошете барем по 1 минута за да ги проверите трошоците

Овој трик е многу едноставен, но ќе ви помогне да имате контрола над вашите трошоци. Секој ден трошете по 1 минута за да проверите и да размислите што сте купиле во текот на денот. Ова ќе ви овозможи да откриете какви било проблематични области, да го намалите трошењето и да одредите нормална сума пари што ви е потребна за секој ден.

7. Направете споредба пред секое купување

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Уште еден начин да намалите со трошењето и да избегнете разочарување во иднина е да размислите дали скапиот џемпер е поважен од патувањето што планирате да го реализирате следниот месец.

8. Не паѓајте на маркетиншки трикови

Големите компании користат многу различни трикови за да ве натераат да купите работи што не ви требаат. Она што е уште поизненадувачко е тоа што повеќето маркетиншки трикови ви се добро познати, но тие сè уште функционираат и вие верувате во лажните попусти.

Со цел да престанете да паѓате на овие трикови, не заборавајте дека кога ќе има попуст, тоа е само за производи што имаат повисока цена или за неквалитетни производи.

9. Одете на шопинг сами

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Кога одите на шопинг со пријателите, трошите повеќе пари од многу различни причини. Посетувате повеќе места отколку кога сте сами и кога пробувате облека, тие ве расположуваат и ве охрабруваат да ја купите таа облека. Расположението ви е секогаш подобро кога купувате со пријателите и затоа сакате да потрошите повеќе.

Кога сакате да се видите со пријателите, одете на прошетка во паркот. Шопингот никогаш не треба да ви служи како забава, туку како сериозна задача.

10. Ослободете се од сите токсични мисли поврзани со парите

Кога ќе го програмирате вашиот мозок да мисли дека е невозможно да заработите многу пари и дека сите богати луѓе се лоши момци, тогаш нема да можете да постигнете многу.

Ако не верувате дека можете да станете успешни, брзо ќе се изморите од тоа што го правите и ќе мислите дека што и да правите е бесцелно, па нема да постигнете ништо и со тоа ќе докажете дека сте биле во право. Променете го вашето негативно мислење за парите и обидете се да живеете така еден месец. Ќе бидете изненадени од резултатот.

Бонус: Финансиската стабилност нема да ги реши сите ваши проблеми

10 правила за трошење пари што ќе ви помогнат да живеете удобен живот

Дали знаете што го одредува вашето ниво на среќа и радост? Парите не го прават тоа, туку уживањето во работите што веќе ги имате.

Мислењето дека парите ги решаваат само безначајните проблеми како што се организирањето голема свадба или посетувањето луксузна дестинација ви овозможува да заработите уште повеќе. Кога ќе го разберете овој принцип, ќе сфатите дека богатството не е единствената цел во животот, а сè останато ќе си дојде на своето место.

Прочитајте ги овие 6 моќни чекори со кои ќе ја убедите вашата потсвест дека вие ЌЕ имате пари во овој живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар