10 правила кои момците не би требало да ги прекршат
Поседувајќи ги гестовите кои му доликуваат на еден џентлмен, вие сте оние кои добиваат поени. Главниот дел од градењето на вашите карактерни особини, е почитта кон дамите. Тоа е одраз на вашата култура како личност. Со нивното исполнување не се понижувате себеси, туку напротив, докажувате дека вие сте оформена личност со вистински квалитети. Ова се правилата кои момците би требало да ги почитуваат, а колку често се случува нивното прекршување, е веќе друга тема на разговор.
1. Дамите на КОЈА БИЛО возраст, МОРА да ги третирате со почит.
2. НИКОГАШ не дозволувајте вашата девојка, пријателка или колешка да си оди сама дома, особено навечер.
3. Дамата на првиот состанок НЕ ПЛАЌА ни дел од сметката, макар и состанокот да не бил она што сте го очекувале.
4. Не погледнувајте во друга девојка додека ја држите вашата девојка за рака. Невкусно е и понижувачки. ВАШИОТ поглед е сконцентриран на ВАШАТА дама, дури и да има парада на голи девојки околу вас.
5. НЕ СМЕЕТЕ да си дозволите удобно да бидете сместени на столче, додека до вас има девојка која стои.
6. Кога врне дожд, со дамата до вас сте под еден чадор, кој го држите ВИЕ.
7. Кога вашата мајка се враќа од пазарење, ДОЛЖНИ СТЕ да ја ослободите од товарот.
8. СЕКОГАШ ви е дозволено да се однесувате како јунак кога некоја дама е во неволја.
9. Вашата мајка, сестра или пријателка, не смее да биде навредена од кој било, вие МОРА соодветно да реагирате на упатената навреда.
10. Имате ДОЛЖНОСТ да ја ослободите вашата пријателка од типот кој ѝ додева цела вечер.
tolku od ramnopravnosta a? 🙂
ne se vkusni temi kade maskata gordost treba da bide stavena na test…kade e vasata?
Имате ДОЛЖНОСТ да ја ослободите вашата пријателка од типот кој ѝ додева цела вечер.- ako sama koketira,dolzna e da si ja snosi odgovornosta so ista mera so koja zapocnala
Дамите од КОЈА БИЛО возраст, МОРА да ги третирате со почит. – ZABRANETO e mala “dama” so ogromni “akcii” da se postavuva nesto poveke vo odnos na postara licnost
Не погледнувајте во друга девојка додека ја држите вашата девојка за рака. Невкусно е и понижувачки. ВАШИОТ поглед е сконцентриран на ВАШАТА дама, дури и да има парада на голи девојки околу вас. – ne gledam zosto toa mora da se odnesuva samo na mazite…istoto vazi i za zenite
СЕКОГАШ ви е дозволено да се однесувате како јунак кога некоја дама е во неволја. – junak e onoj koj ke go izbere praviot nacin da se spravi so situacija…toa podrazbira i ako “damata” e pricinitel, soodvetno da se obrati i nea
daj vi se molam bez tolku amaterski tekstovi od stilot koj kako treba da reagira i kako treba da se postavi…sekogas se pocnuva od “covekot vo ogledaloto” a ne od site ostanati… osobeno ne napaganje na sprotivniot pol za temi i prasanja za koi i vie ne znaete sto sakate…
Ako ocevuvate vnimani,bidete podgotveni ramnopravno da go delite i vie
(Y) znaci bravo za ovaa
glasam za Miki 🙂
хахаха машко кое вака се однесува дефинитивно никогаш не би фатило женска XD
Вие што сте го пишале ова срање треба да се лечите од женско шовинистички комплекс/синдром
Se soglasuvam so Miki, nemoze da barash nesto sto ti nemozes barem vo priblizna mera da go vozvratish, vnimanieto na sekogo mu godi masko ili zensko !