10 прашања што секојдневно треба да им ги поставувате на вашите партнери

10 прашања што секојдневно треба да им ги поставувате на вашите партнери

За да се поврземе со саканата личност, најважна е ефективната комуникација. Сигурно знаете дека добрата комуникација е од големо значење за одржувањето среќна и успешна врска. Освен тоа, доколку секогаш се обидувате да останете позитивни, тоа ќе ги намали вашите конфликти и недоразбирања. Но, како да знаете дали разговорите со вашиот партнер се ефективни и значајни? Многу е важно да не муабетите за времето и обичните работи што ви се случуваат секојдневно. Доколку сакате да ја продлабочите врската со вашите сакани, ова се 10-те моќни прашања што треба да им ги поставувате почесто…

10 прашања што секојдневно треба да им ги поставувате на вашите партнери

1. „Како си денес?“

Немојте да го поставувате прашањево туку-така, туку навистина мислете го. Дајте си време за да го поставите и гледајте го партнерот директно во очи додека го прашувате. Ако мислите дека нешто не е во ред, допрете ги саканите за рамото или раката и внимателно кажете им „Навистина сакам да знам како си“.

2. „Дали можам да ти помогнам некако?“

Гледате дека вашиот партнер е зафатен, забрзан или фрустриран поради сите работни обврски. Поставете го ова прашање и бидете подготвени да помогнете доколку тоа е потребно. Ако сте во врска со човек кој сам сака да ги завршува работите, допрете го, погледнете го во очи и кажете „Навистина сакам да ти помогнам, што можам да направам?“.

3. „Што ти е важно?“

Кога знаете дека вашиот партнер се обидува да донесе значајна одлука, поставете му го ова прашање. Друг начин за да го прашате истото е „Што навистина сакаш?“. За да го разберете начинот на кој размислуваат вашите партнери и нивните потреби, мора да го знаете искрениот одговор на ова прашање. Со тоа што ќе го поставите прашањево, ќе ги натерате подобро да размислат и да разговараат за тоа што најмногу им значи.

4. „Што би сакал/а да правиш?“

Ова прашање треба да го поставите во текот на слободното време, кога планирате излегување, одите на вечера или кога разговарате за вашите животни цели и планови. Можете да прашате и „Кога би можел/а да правиш сѐ што сакаш, што би било тоа?“. Ги знаете соништата на вашите партнери, па затоа помогнете им да ги остварат.

5. „Како можам да те мотивирам?“

Ова прашање е особено важно во моменти кога вашиот партнер поминува низ тежок период. Можеби станува збор за предизвик со кој се соочува сам или животна пречка којашто заеднички треба да ја преминете. Дознајте што им треба на вашите сакани за да се чувствуваат згрижено и поддржано и потоа сторете го тоа за нив.

10 прашања што секојдневно треба да им ги поставувате на вашите партнери

6. „Кои заеднички цели би сакал/а да ги поставиме?“

Ова прашање би требало да го дискутирате еднаш во неколку месеци. Размислете кои области би ги вклучиле, како на пример кариера, семејство, финансии, пријателства, брак, личен развој и не заборавајте да размислите за духовниот развој.

7. „Дали си задоволен/на од напредокот на нашата врска?“

Ова е многу важно прашање што треба да го дискутирате барем еднаш годишно. Размислете каков ви бил односот во изминативе неколку месеци и одлучете што треба да поправите за да ви остане врската здрава и успешна.

8. „Кој е твојот најголем страв?“

Многу е важно да го знаете одговорот на ова прашање. Светот во кој живееме претрпе драстични промени во изминативе две децении и опасностите демнат на секој чекор. Треба да знаете што ги загрижува вашите сакани и да бидете подготвени за отворен разговор. Без разлика дали станува збор за проект на работа, разговор со член од семејството или некое значајно прашање на глобално ниво, дознајте го најголемиот страв на вашиот партнер за да можете да му помогнете да го надмине.

9. „Што те прави најсреќен/на?“

Животот не е секогаш забавен. Поминуваме премногу време на работа и дома. Сиот ваш труд и напорна работа треба да ви се исплатат. Правете ги работите што и на двајцата ви причинуваат задоволство. Нештата што ве прават најсреќни се менуваат во различни фази од животот, така што не се изненадувајте доколку се промени омиленото хоби на вашиот сакан или сакана.

10. „Што очекуваш од нашиот заеднички живот?“

Ова прашање се однесува на долгорочните и краткорочните цели, желби и планови. Дознајте кои се вашите заеднички цели и посветете им доволно внимание. Доколку искрено се обидете да им го пружите животот што отсекогаш го посакувале, вашите сакани ќе добијат мотивација да ги исполнат и вашите потреби.

Доколку сакате да се зближите со вашиот партнер, погледнете ги и овие 7 прашања кои имаат моќ да ја зацврстат вашата љубовна врска.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар