10 прашања кои треба да си ги поставите доколку не знаете кој животен пат да го одберете

10 прашања кои треба да си ги поставите доколку не знаете кој животен пат да го одберете

Неизбежно е во одреден период од животот да се најдеме пред раскрсница и да не знаеме кој пат да го одбереме. Стравот од тоа да се направи погрешен избор е повеќе од присутен што доведува до чувство на анксиозност и неизвесност. Доколку се наоѓате во таква ситуација, поставете си ги следниве 10 прашања кои ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука:

10 прашања кои треба да си ги поставите доколку не знаете кој животен пат да го одберете

1. Кога би го живееле животот што отсекогаш сте го посакувале, како би ви изгледал утрешниот ден?

Кога ќе си замислите каков живот би сакале да имате, наместо да се фокусирате на општите работи како „што би било“ или „што би работеле“, фокусирајте се на тоа како би ви изгледала секојдневната рутина. Што би правеле утре? Колку поразлично би било од тоа што го правите сега? Што од таа визија можете да почнете да го правите уште утре?

2. Кога не би постоеле социјалните медиуми, што би правеле поинаку?

Дали би се облекувале поинаку? Дали би се чувствувале лошо поради местото каде што живеете? Кои би биле вашите избори доколку не се плашевте од осудувањата на другите луѓе скриени зад мониторите? Што би имало значење во вашиот живот?

3. Кога никој не би можел да дознае што правите во животот, што би правеле?

Како би го поминувале животот кога би знаеле дека сте целосно скриени од очите на другите луѓе и целосно заштитени од нивните зли јазици? Кои се вашите интереси? Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да сфатите кои работи ги правите за себе, а кои за другите луѓе и за нивното одобрување.

4. Кога би знаеле дека утре ќе го изгубите животот, за што најмногу би жалеле?

Што би смениле во вашиот живот? Кои зборови би ги повлекле назад? Добрите вести се дека сè уште имате време да ги направите овие работи, а тоа што ќе се ставите себеси пред свршен чин ќе ви помогне да ги внесете тие промени што е можно побрзо.

5. Кога би требало да изберете 5 работи што најмногу ви значат, кои би биле тие?

На овој начин ќе дознаете кои работи треба да бидат основата врз која ќе се градите себеси и вашиот живот. Колку исполнето се чувствувате зависи од тоа колку живеете во согласност со тоа што вистински го цените и ви значи.

10 прашања кои треба да си ги поставите доколку не знаете кој животен пат да го одберете

6. Што е тоа што ви носи необјаснива радост во животот?

Што е тоа што ве радува иако не ви е јасно зошто е тоа така? Ова се ситниците на кои обрнувате внимание. Ова се вистинските нешта. Мозокот одговара според тоа што мислите дека го сакате, но емоциите реагираат според тоа што вистински го сакате.

7. Кога би знаеле дека никој нема да ви суди, како би ги минувале деновите?

Што би правеле? Ова прашање ќе ви помогне да се ослободите од стегите на општествените норми и да почнете да правите работи кои ви се допаѓаат без разлика дали се тие општествено прифатени или не.

8. Со што најмногу се борите во моментов?

Она што ве мачи сега, може да ви ја определи насоката во која ќе се движите понатаму. Ако вашиот најголем проблем е тоа што не сте во романтична врска, во наредната фаза од животот би требало барем да се обидете да го остварите тоа. Оние работи поради кои не можете да заспиете навечер можат да ви помогнат да сфатите што е тоа што вистински го сакате и во кој правец треба да се упатите.

9. Што е тоа што веќе го правите во моментов?

За секоја животна промена важи следново: Почни од таму каде што си, употреби го тоа што го имаш и направи го тоа што можеш. Тоа е единствениот начин кој ќе ви помогне да стигнете онаму каде што сакате.

10. Ако утрешниот ден би морале да го живеете одново и одново, што би правеле?

Дали би одлучиле да го поминете на работа или со луѓето кои ви значат? Дали би пишувале книга или би слушале музика? Можеби би отпатувале некаде или би го јаделе омиленото јадење. Ова ќе ви помогне да откриете кои се вашите приоритети во животот и што е тоа што уживате да го правите и би сакале да му посветите најмногу внимание.

Вашиот живот се состои од деновите кои минуваат, а не од вашите идеи кои ги имате за тоа како би требало тие денови да изгледаат. Мудро искористете го времето кои го имате на располагање и несомнено е дека ќе го изберете вистинскиот животен пат кој ќе ве одведе до посакуваната цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар