10 прашања кои тој очајно сака да ви ги постави на првиот љубовен состанок, но не се осудува

10 прашања кои тој очајно сака да ви ги постави на првиот љубовен состанок, но не се осудува

Првите љубовни состаноци служат за да се провери дали постои хемија, за да размените некои основни информации еден за друг и генерално да оставите позитивен впечаток на нормално човечко суштество. Според тоа, веројатно знаете дека чувствителните прашања за религија, политика и поранешни врски дефинитивно не доаѓаат предвид. Сигурно не би го скршиле мразот на првиот љубовен состанок со прашање од типот „Колку деца би сакал да имаш?“. Меѓутоа, постојат некои прашања кои момците би сакале да ви ги постават, но не го прават тоа затоа што не би сакале да го уништат љубовниот состанок и да создадат тензија. Се работи за прашања кои би им заштедиле време и веднаш би им откриле за каква личност станува збор. Погледнете кои се тие…

10 прашања кои тој очајно сака да ви ги постави на првиот љубовен состанок, но не се осудува

1. „Какво е твоето семејство?“

Ова прашање ќе стане тема на разговор дури по неколку месеци, но ако врската стане сериозна, момците би сакале уште веднаш да знаат со кого ќе си имаат работа. Дали имате чичко кој постојано кажува невкусни сексуални шеги? Баба која е постојано намуртена и расположена за кавга? Дали има црна овца во семејството?

2. „Зошто прифати да излезеш со мене?“

Момците не се толку самоуверени колку што изгледаат на прв поглед. Тие секогаш ќе се прашуваат дали сте ја прифатиле понудата само затоа што не сте имале друга, ви било здодевно, или пак, од сожалување. Или можеби сте прифатиле само поради неговиот физички изглед? Дали сте излегле со него затоа што сметате дека е паметен и забавен? Тие навистина би сакале да знаат со што ве натерале да прифатите да излезете со нив. Повратната информација е секогаш корисна.

3. „Дали имаш некој ужасен пријател?“

Ова нема да го спречи да продолжи да се гледа со вас, но добро е да биде предупреден на време. Понекогаш прекрасни луѓе имаат ужасни пријатели. Тој дефинитивно би сакал да го знае тоа однапред за да може да направи одбранбена стратегија.

4. „Дали ќе се бакнеме вечерва?“

Добро, ова е малку поучтиво кажано. Вистината е дека тој би сакал да знае дали сексот доаѓа предвид. Доколку веднаш му го дадете тоа до знаење, тој веројатно не би бил толку нервозен и би бил поопуштен за време на состанокот. Веројатно.

5. „На колку од твоите поранешни партнери им имаш раскинато?“

Ова за него може да биде сериозен знак на предупредување. Тоа ќе му каже дека имате ужасен вкус за мажи за кои предоцна сфаќате дека не ви одговараат или дека многу брзо ви досадува од партнерот. Дали тој ќе биде оној вистинскиот кој конечно ќе успее да ве припитоми и да остане со вас? Веројатно не. Можеби ќе сака да се обиде, но добро е да знае кои му се шансите однапред.

10 прашања кои тој очајно сака да ви ги постави на првиот љубовен состанок, но не се осудува

6. „Дали планираш да полудиш по неколку месеци врска?“

Некои луѓе тврдат дека се многу опуштени и дека не се воопшто љубоморни, но по неколку месеци врска полудуваат ако не сте им вратиле веднаш на пораката, кршат работи за време на караниците и ненајавено ви се појавуваат пред куќа во 5 часот наутро само за да ве проверат. На момците би им било многу полесно кога веднаш би знаеле со што си имаат работа.

7. „Дали бараш нешто сериозно или сакаш само авантура?“

Оваа информација е од витално значење. Понекогаш момците премногу се трудат затоа што мислат дека тоа го сакате. Потоа вие веднаш гледате како да избегате бидејќи сѐ што сте сакале било само секс. Но, токму тоа го сакал и тој. Би било убаво кога би постоел учтив начин да ве праша колку многу треба навистина да се труди.

8. „Какво е твоето сексуално либидо?“

Првите неколку месеци сексот е секогаш интензивен и страстен. Но, со текот на времето, страстите се смируваат. Што ако не си одговарате на тоа поле? Што ако тој сака секс многу повеќе или многу помалку од вас? Тоа би можело многу да влијае на врската. Но, доколку тој навистина би ви го поставил ова прашање сигурно нема да си помислите „Леле, колку е досетлив!“, туку „Овој тип е навистина перверзен“.

9. „Колку долго траеше твојата последна врска?“

Доколку дознае дека сте раскинале со вашето долгогодишно момче, веројатно ќе избега што е можно побрзо. Никој не сака да биде лек за штотуку скршеното срце.

10. „Дали сѐ уште си вљубена во твоето поранешно момче?“

Тој навистина би ценел доколку искрено му кажете дали тој ви служи како издувен вентил пред повторно да се смирите со вашето момче со кого сте биле врска повеќе од 3 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар