10 прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на мажот кој ве сака

10 прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на мажот кој ве сака

Вашата љубена треба да знае сè. Таа треба да биде опколена со комплименти и љубов од отворањето на нејзините очи, па сè до заспивањето. Понекогаш, најтешкото нешто во животот е да се кажат оние зборови кои најмногу значат. Но, врските се зајакнуваат само кога се рушат ѕидовите кои сте ги изградиле околу вас. Без разлика на тоа колку ранливи ви изгледаат емоциите, тие се единственото нешто со кое ќе ја задржите покрај себе. Вашите зборови и дела се најсилната форма на љубовта.

10 прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на мажот кој ве сака

1. Дали ме сакаш?

Не постои зборови кои се поважни од овие два. Токму затоа ако навистина ве сака, тој постојано ќе ви ги повторува. Вие нема да има потреба да му го поставувате ова прашања, затоа што ќе можете да ја почувствувате неговата љубов.

2. Дали те правам среќен?

Доколку забележувате дека тој се смешка без причина додека гледа како си ги завршувате вашите дневни обврски, тогаш тоа е голем знак дека го правите среќен. Вие исто така би требало и да можете да ја почувствувате среќата секој пат кога тој ве прегрнува.

3. Дали вредам доволно за тебе?

Изгледа неверството станува сè поголем проблем помеѓу паровите, но доколку се работи за вистинска љубов тогаш тој ќе вложува сè во вас  и нема да има потреба да бара внимание и надвор од вашата врска.

4. Дали мислиш дека имаме заедничка иднина?

Кога вашиот партнер ве љуби повеќе од сè на светот, тој ќе сака да ве задржи покрај себе и во неговата иднина. Лесно ќе дознаете дали тој планира да биде со вас подолго време доколку обрнете повеќе внимание на настаните кои ги планира за вас двајцата. Без разлика дали станува збор за викенд бегство од градот или концерт кој треба да се случи за неколку месеци од сега.

5. Дали мислиш дека јас сум вистинската за тебе?

Кога ќе ја запознаете личноста со која знаете дека ќе имате убава иднина, тогаш нема потреба да се двоумите дали таа е „вистинската“. И покрај тоа што љубовта на прв поглед е нешто што многу ретко се случува, сепак откако ќе поминете одредено време со одредена личност лесно ќе можете да процените дали сте компатибилни или не.

6. Дали се грижиш за моите маани?

Не само што треба да ги прифати вашите маани, тој треба и целосно да ги сака. На крајот од краиштата, сите нешта кои ги поседуваме, без разлика дали се позитивни или негативни, се само дел од загатката која ве составува како цела личност.

7. Дали ми се восхитуваш?

Вие би требало секојдневно да чувствувате восхит од вашиот партнер. Тој треба да го сака вашиот мозок, тело, начинот на кој говорите, дишете… Вашата светлина треба да биде негова сила за движење.

8. Дали мислиш дека сум убава?

Тој треба да ги љуби сите ваши несовршености, исто како и останатите делови. Неговите очи треба да се насмеат секој пат кога ќе ве здогледаат, бидејќи кога некој навистина сакате, вие го гледате само најубавото во него/неа.

9. Дали сакаш да ги знаеш сите оние нешта кои никој не сака да ги чуе?

Вие треба да се чувствувате слободни да му ја раскажете секоја приказна од вашиот живот и додека го правите тоа, да знаете дека сте слушани. Тој не е заинтересиран само за вас, туку и за сите оние нешта кои имале било какво влијание врз личноста која сте станале денес.

10. Дали и утре сè уште ќе ме сакаш?

Без разлика на караницата која сте ја имале денес, брчките кои почнале да се појавуваат на вашето лице или пак, на фактот што не можете постојано да сте покрај него, тој секогаш ќе ве чува во неговото срце. Ова е нешто кое можете да го почувствувате само длабоко во вас…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. cacko Reply

    gluposti ..

Остави коментар