10 прашања кои ќе ви помогнат да ја откриете вашата животна цел
Во денешното општество премногу ја комплицираме животната цел. Кога некој ќе порасне, неговите природни способности и таленти често се занемарени бидејќи му е кажано дека треба да следи одредена патека во животот за да успее. Поради ова многумина од нас сметаат дека не треба да веруваме во себе и дека тој пат често е тежок или болен бидејќи не е за нас.
Нашата животна цел не е нешто што треба да одиме и да го пронајдеме. Можеби долго време ја барате вашата цел, но треба да сфатите дека целиот ваш живот ја претставува таа цел. Можеби сте сметале дека треба да ја барате и еден ден да стигнете до неа. Но, ова не е вистина. Вашата животна цел веќе е овде и ви се случува сега. Вие веќе сте на вашиот пат. Нема потреба да барате нов пат. За да ја откриете целта, треба да погледнете длабоко во себе, да се вратите во вашето детство и да сфатите што е она што ве прави среќни. Ако постојано мислите дека ви е потребен одмор од работата, можеби таа работа не е за вас.
Направете си го животот лесен. Отстранете го верувањето дека за да работите и за да заработувате пари треба да бидете нешто што не сакате. Или пак да го менувате вашето мислење и да верувате дека можете да ја вметнете вашата страст во веќе натрупаниот распоред. Можеби ќе ви биде потребно месец, година, 5 години, но барем знаете дека ќе бидете искрени кон себе и дека ќе работите со вашето вистинско јас. Поставете си ги овие прашања кога не сте сигурни што понатаму.
1. Што би сакале да работите?
2. Како би изгледал вашиот совршен ден?
3. Што првите во слободно време?
4. Кому му завидувате?
5. Што ви е лесно?
6. За што најчесто ви бараат совети?
7. За што добивате комплименти од странци?
8. Што сакавте да бидете кога бевте малечки?
9. Што правевте во последните 10 години? Што сте изградиле?
10. За што можете да разговарате без проблем со вашите пријатели и семејство?
Најголемиот дар што можете да го добиете е вашата љубопитност. Престанете да мислите што би требало да бидете и следете ја вашата интуиција кон она што природно ве привлекува. Она што ве привлекува е вашата цел, а кога ќе се движите со неа можете да го дадете вашиот придонес во светот, без разлика дали е голем или мал.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте на вистинскиот пат кон реализација на смислата на вашето постоење.