10 позитивни афирмации што ќе ви го променат животот
Моќта на мислата е многу голема. Позитивните афирмации ни помагаат да го оживееме нашиот ум. Бидејќи светот може да биде исцрпувачки, создадете навика да ги кажувате овие афирмации и вистински да верувате во нив за да постигнете сè што ќе посакате.
Доколку сте на пат до остварување на вашите цели, не се откажувајте. Искористете ги следниве 10 афирмации што ќе ви помогнат да останете инспирирани во животот.
1. Јас сум способен/способна за моќ
Без оглед дали верувате во оваа изјава или не, доколку ја повторувате постојано ќе се вклопи во вашата ментална состојба. Вие сте способни да го остварите секој сон што го сонувате. Првиот чекор за постигнување на соништата е верувањето дека тие можат да се постигнат. Единствениот начин да станете моќни е да ја разбудите силната верба во себе. Без оглед со какви ресурси ќе започнете кажувајте си на себе дека сте способни за сè што ќе помислите за целосно да го смените начинот на кој ќе ги остварувате вашите цели.
2. Се сакам себеси и се прифаќам себеси каков/каква што сум
Способноста да се сакате себеси е доживотно патување. Понекогаш треба да ја задржите љубовта кон себе додека не станете најдобрата верзија од себе. Ова не е толку корисно за вашето растење колку што треба да се сакате себеси каде и да сте во животот.
Се менувате секојдневно и ќе го поминете остатокот од животот растејќи. Вие заслужувате љубов.
3. Мојот ум е бистар, мојата душа е мирна и моето тело е силно
Овие видови позитивни афирмации им се обраќаат на вашиот ум, тело и душа.
Секој дел од вашето тело мора да биде во баланс за вие да живеете во мир со себе. Само вие можете да контролирате како ќе се чувствувате и треба намерно да ги кажувате овие позитивни афирмации. Што и да ви се случува во животот вие можете да ја преземете контролата над ситуацијата преку говорење на вистината.
Кога ќе си кажете дека вашиот ум е бистар, душата мирна, а телото силно (дури и да не се чувствувате така во моментот) тоа ќе ви помогне да се чувствувате така.
4. Можам да направам сè
Поголемиот дел од времето повеќето луѓе чувствуваат дека можат да постигнат одредени работи во животот само доколку имаат нешто повеќе. Дали се работи за повеќе пари, повеќе едукација, професионално искуство или нешто слично, многу луѓе назадуваат во нивниот живот затоа што веруваат дека треба да чекаат пред да започнат. Најдобриот начин за да ја остварите целата – е да започнете. Не е воопшто важно со какви ресурси располагате – можете да направите сè со тоа што го имате во моментот.
Овие позитивни афирмации ќе ве охрабрат да ја користите енергијата, силата, менталната издржливост и изворите што ги имате за да започнете.
5. Сè што ми се случува е за нешто подобро
Позитивните афирмации како оваа е да ви покаже дека сè во животот се случува за ваше добро. Несомнено е дека се случуваат и добри и лоши работи, но тие се составен дел од животот. Мора да ги прифатите подеднакво за да бидете посилни личности. Многу е важно да не се гледате како жртва кога ќе се случат лоши работи.
Кажувајте ја оваа афирмација и применете ја во животот без оглед на тоа што се случува. Сè што правите е во ваша корист за да станете посилни. Ваквата позитивна афирмација ве учи дека сè се случува поради некоја причина.
6. Јас одбирам што сакам да ми се случува
Вие сте креатори на својот живот. Вие ја имате контролата над тоа што се случува во вашиот живот: вие ги бирате пријателите, што ќе работите, како ќе го поминувате вашето време и кон кои долготрајни цели се насочувате. Почнувајќи го денот со ваква афирмација си овозможувате да ја одредите насоката кон која ќе се движи денот. Сè што правите во текот на денот ќе биде во полза кон креирање на вашиот живот. Доколку не ја сакате дирекцијата кон која е насочен вашиот живот, имате одговорност да ја промените. Бидејќи самите сте архитекти на вашиот живот можете да одберете да го промените вашиот живот во погодно време.
7. Се ослободувам од болката што ја чувствував во минатото
Работите што ве повредиле во минатото треба да останат таму. Несомнено е дека на закрепнувањето му треба време, но доколку сте заробени во минатите случувања време е да се ослободите од нив.
Постои причина поради која старата поговорка објаснува дека заглавувањето во минатото е како да пиете отров, а да очекувате некој друг да се затруе. Единствената личност која е повредена и не може да прости сте вие. Доколку уште ја чувствувате болката што сте ја чувствувале во минатото таа само ќе ве враќа таму. Повторувањето на тие настани во вашата глава ќе ве спречи да станете најдобра верзија од себеси.
Откако еднаш вашиот избор ќе биде да простите ја ослободувате болката што ја чувствувате и одлучувате да го искористите тоа искуство како лекција за да продолжите понатаму со вашиот живот.
Користете ги следниве препораки за полесно да се ослободите од болното минато:
- Одберете ослободување
Првиот чекор е да донесете одлука да ги пуштите нештата „да течат“. Иако можеби сè уште ќе се чувствувате ранливи, направете свесен избор за ослободување. Ова значи дека колку повеќе избегнувате да ги повторувате минатите искуства во вашата глава, толку повеќе го оставате минатото таму каде што припаѓа.
- Изразете ги вашите чувства
Изразувањето на чувствата е дел од процесот. Доколку чувствувате болка, доживејте ја. Ранливи сте? Слободно плачете, напишете ги вашите чувства или разговарајте со пријател. Како и да е, вашиот избор за изразување на чувствата и ослободувањето на емоциите е неопходно за надминување на болката.
- Не се гледајте како жртви
Еден дел од заминувањето од минатото е да одбегнете да бидете жртва. Можеби вие сте погрешиле во целата ситуација, но време е да престанете да се чувствувате така. Вие повеќе не сте жртва – вие сте преживеале. Сте испаднале посилни и ќе ја носите таа сила со вас до крајот на вашиот живот.
Сега кога се ослободивте од овие настани, трауми и доживувањето на самите себе како жртва, тие повеќе немаат моќ над вас. Вие ја имате целосната контрола.
8. Можам да ги победам сите предизвици што ќе дојдат пред мене
Вашите способности се неограничени. Секако, животот ќе ви поставува „пречки“, но вие ќе бидете способни да се справи со сите нив. Единствени ограничувања во животот се оние кои самите си ги наметнувате. Што и да посакате да постигнете е возможно и ја имате силата внатре во вас, а притоа не смеете да се плашите од ништо.
Повторувајте ја оваа афирмација секојдневно и потсетете се себеси колку сте силни.
9. Јас заслужувам љубов како една најсилните позитивни афирмации
Ќе постојат некои моменти кога чувствувате дека можеби никој не ве сака или не ве посакува. Вистината е дека секој заслужува љубов, кои и да сте, каде и да сте – вие сте сакани. Никој не е совршен и од никого не се очекува да биде таков. Вистинските луѓе во вашиот живот ќе ве сакаат поради тоа што сте баш такви какви што сте. Ако најдете некој кој не може да ве сака без да се обидува да ве промени, тој не е вистинскиот за вас. На прво место треба да побарате безусловна љубов во себеси. Љубовта од другите треба да биде дополнение на љубовта што ја имате во вас.
10. Мојата иднина е блескава
Користете ја оваа афирмација за да се потсетите себеси дека најдоброто допрва доаѓа. Работите ќе бидат подобри, а сè што се случувало во минатото ве довело таму каде што сте сега.
Овие животни лекции ќе ве мотивираат да ги достигнете големините што ги нуди животот. Вашата иднина е посветла отколку што можете да замислите, вашите соништа се поблиску до остварување. Продолжете така!
Позитивните афирмации ви овозможуваат во петте минути што ќе ги одвоите да го одморите вашиот ум и да ја промените перспективата за себе и вашиот живот. Овој е единствениот живот што го имате, па време е да го живеете како што ви одговара.
Користете ги овие позитивни потврди за да го започнете значајното ментално патување. Слободно создадете и свои афирмации што ќе ви ја вратат желбата за живот.
Прочитајте ги и овие реченици што ќе донесат позитивна енергија во вашиот живот.