10 потсетници за сите девојки што љубат со отворено срце
Не е лесно да се живее со отворено срце. Тоа значи дека сте ранливи пред светот, дека си дозволувате да ги чувствувате сите емоции во целост, без воопшто да размислувате за повреди и скршени срца. Ова е единствениот начин да го живеете животот во целост, но сепак, треба да ги имате овие 10 нешта на ум за да го добиете тоа што навистина го заслужувате.
1. Вие сте преполни со живот. Знаете дека љубовта едноставно не може да се чувствува половично – мора во целост.
2. Ќе страдате кога некој ќе ве одбие. Но, потсетете се дека голем број прекрасни нешта постојано се одбивани од луѓе што не можат да си ги дозволат.
3. Давањето е во вашата природа. Тоа ви е исто толку лесно како и дишењето. Еден ден ќе научите на потешкиот начин дека давате премногу на погрешни луѓе – ова мора да се случи за да сфатите кој ја заслужува вашата топлина.
4. Вашето срце е секогаш отворено, но тоа не е знак за слабост. Тоа е постојан акт на храброст бидејќи вие никогаш не се плашите да бидете ранливи.
5. Не му дозволувајте на светот да ја земе вашата добрина. Потребно е огромно количество храброст за да останете добри откако сте биле повредени, но вие лесно ќе успеете.
6. Вие сте родени да љубите и да ги инспирирате другите да љубат. Ова е вашето најмоќно оружје. Вие создавате врски со оваа моќ, му носите радост на светот со оваа дарба.
7. Вие најмногу страдате бидејќи никогаш не барате љубов за возврат. На овој начин учите и дека не е толку лудо да барате да бидете љубени на истиот начин како што го љубите светот.
8. Вие сте борци. Во вашата природа е да се држите цврсто и да сакате да ги поправите дури и најмалите дупки. Но, мора да запомните дека иако вашата љубов е моќна и голема, таа не е доволно да пополни туѓи празнини. Тоа не е ваша работа.
9. Пуштањето е неопходно. Вие се борите со ова, бидејќи не сакате да гледате како луѓето си одат. Вашето срце ве боли и на самата помисла дека би можеле да изгубите некого, но не заборавајте дека токму тој празен простор е отворена врата за нова, подобра личност што ќе влезе во вашиот живот.
10. Вие љубите силно, чувствувате големо сочувство, претерано се грижите… И секогаш ќе ги правите овие нешта, па затоа и заслужувате да најдете некој ист како вас, кој ќе ви возврати на секоја емоција со иста мера – никогаш не заборавајте го тоа!
Прочитајте и зошто љубовната врска со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик?