10 помалку познати начини на кои може да ги употребите шишињата топла вода
6. Стоплете се со шише топла вода
Ако сте надвор подолго време или правите скара со вашите пријатели, стоплете ги рацете со шише топла вода. Така ќе ви биде попријатно.
7. Шише топла вода за болки во вратот
Ако незгодно сте спиеле или сте се здрвиле работејќи на компјутерот, нанесете коцки мраз на болното место. Откако болката ќе попушти нанесете шише со топла вода. Болката веднаш ќе исчезне.
8. За ослободување од стрес и вознемиреност
Ако сте под стрес и сакате да се одморите, тоа направете го со шише топла вода. Топлата вода ќе ја подобри вашата циркулација. Легнете, гушнете го шишето и веднаш ќе ви биде подобро.
9. При болки во грбот
За да ја намалите вашата болка во половината и грбот, ставете шише со топла вода, а потоа нанесете ќесе со коцки мраз на местото каде што ве боли. Внимавајте тоа да не го правите на гола кожа, туку врз облеката.
10. Намалете ја кашлицата
Растечениот нос, кивањето и кашлиците се многу застапени во овој период. За да ја намалите вашата кашлица навечер, наполнете шише топла вода и ставете го на вашите гради додека спиете. Само внимавајте да не легнете врз него.
Можеби сакате да ги откриете и 6-те алтернативни начини за хидратација доколку немате навика да пиете вода.