Претходно
10 одлични предлози за обликување коњско опавче
Понекогаш ни се случува да не сме доволно расположени за да ѝ посветиме доволно внимание на нашата коса. Но, истовремено не сакаме ни да изгледаме како воопшто да не сме се ни погледнале во огледало тој ден… Доколку денес и вие имате ваков „мрзлив“ ден, тогаш погледнете ги наредниве неколку идеи кои ќе ви помогнат за кратко време да направите одлична фризура со коњско опавче.
1. Прамен како стегач за коса
- Заврзете ја косата во нормално коњско опавче.
- Одделете мал дел од долниот дел на косата и замотајте го околу стегачот.
- Зацврстете ја со мали шноли и лак за коса.
2. Плетенка како стегач за коса
- Заврзете ја косата во нормално коњско опавче.
- Одделете мал дел од долниот дел на косата и направете обична плетенка од 3 прамени.
- Замотајте ја плетенката околу стегачот.
- Зацврстете ја со мали шноли и лак за коса.
3. Странични плетенки
- Одделете ја целата коса од едната страна на вашата глава од увото нанапред и соберете го останатиот дел да не ви пречи.
- Почнете да правите плетенка покрај вашето уво. Можете да направите паралелно на првата уште една, две или три во зависност од густината на вашата коса.
- Откако ќе ги завршите сите плетенки, спојте ги со останатиот дел од косата и соберете ги во коњско опавче.
4. Додадете текстура на врвот
- Додека косата сè уште не ви е собрана, исчешлајте го само предниот дел.
- Со помош на гел или лак за коса, поминете со вашите прсти низ горниот дел од косата за да ѝ додадете малку текстура.
- Потоа соберете ја косата во коњско опавче, но притоа пазете да не го растурите горниот дел.
- Откако ќе завршите, можете уште малку да го поткренете предниот дел за да направите поголем волумен.
5. Ретро стил
- За ретро изглед, патецот мора да биде подлабок од едната страна.
- Одделете го длабокиот дел од вашите шишки и соберете ја косата во високо коњско опавче.
- Извиткајте ги краевите на опавчето и истапирајте ги на основата за поголем волумен.
- Исчешлајте ги локните полека за да добиете подобар ретро изглед.
- Обликувајте ги вашите шишки така што ќе ги наместите позади увото или ќе ги прикачите под вашето опавче.
6. Ниско со страничен патец
- Испеглајте ја косата и додадете серум за да добиете сјаен изглед.
- Одделете ја косата на едната страна.
- Малку истапирајте ја основата на вашите шишки за поголем волумен.
- Соберете ја полабаво косата во ниско коњско опавче од позади, кое ќе биде нежно и мазно.
7. Извртете го горниот дел од косата
- Одделете ја косата на едната страна.
- Таму каде што е поголемиот дел од вашата коса, одделете прамен од неколку сантиметри кој ќе оди до средината на горниот дел од вашата глава. Останатиот дел соберете го за да не ви смета.
- Од предниот дел, заедно со вашите шишки направете плетенка. Ќе ви биде полесно доколку претходно го истапирате тој дел за да добиете повеќе волумен.
- Откако ќе ја завршите плетенката, искомбинирајте ја со останатиот дел од косата и соберете ја во коњско опавче.
8. Додадете помпадур
- Истапирајте го делот кај шишките.
- Со помош на вашите прсти одделете дел со големина по ваш избор од шишките кој ќе биде помпадурот.
- Закачете го слабо наназад, но бидете внимателни да не го растегнете премногу.
- Соберете ја вашата коса во коњско опавче.
9. Превртете ја наопаку
- Соберете ја целата коса во ниско и лабаво коњско опавче.
- Откако ќе го направите тоа, опуштете ја уште повеќе основата на опавчето со вашите прсти така што ќе го повлекувате стегчот нанадвор.
- Започнувајќи одоздола, ставете два прста низ основата на вашето опавче така што ќе направите мало дупче.
- Со вашите прсти превртете го опавчето нагоре и извлечето го низ дупката.
- Откако ќе завршите, зацврстете го и измазнете ги сите нерамни делови.
10. Плетенка од позади
- Одделете го делот од косата кој се наоѓа од едното до другото уво и надоле до основата на вашиот врат.
- Тргнете ја косата од врвот и страните за подоцна.
- Направете плетенка така што ќе започнете од вашиот врат и ќе се движите нагоре.
- Откако ќе ја завршите плетенката, спојте ја со останатиот дел до косата и соберете ја во коњско опавче.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.