10 очигледни животни лекции кои пребрзо ги забораваме

10 очигледни животни лекции кои пребрзо ги забораваме

Порано или подоцна, во животот сфаќаме каде и кога сме грешеле. Тоа најчесто се одвива преку лекции кои попатно ги учиме од тие грешки. Но, изгледа сѐ уште не сме ги научиле сосема и не сме почнале да ги применуваме, или пак сме ги заборавиле покрај многуте останати информации. Па еве, да се потсетиме барем на 10 од тие животни лекции и можеби конечно ќе почнеме да ги применуваме.

0-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mk

1. Животот е премногу краток

Иако постојано ја слушаме оваа фраза, таа сепак секогаш некако нѐ изненадува. Сите знаеме дека смртта, кога-тогаш ќе нѐ стигне, а сепак шокот е неизбежен кога тоа ќе му се случи на некој што го познаваме. Смртта не е најголемата загуба во животот. Најголемата загуба е да умреш сѐ додека дишеш и си телесно жив. Важно е да бидеме храбри. Да бидеме смели. Да ја слушаме интуицијата. Во ред е да се плашиме од смртта, но сепак мора да ризикуваме и да го преземеме следниот чекор.

2. Ние сме кројачи на нашата судбина

Ако ние не си направиме убави услови за нашиот живот, тогаш тој така и ќе тече. Ако сакаме убави резултати, тогаш мора да го дадеме нашиот максимум. Не смееме напразно да стоиме. Мора да преземеме нешто и да го промениме нашиот живот на подобро. Сите треба да сфатиме дека трпението не значи чекање, туку способност да задржиме позитивен став додека го градиме она во коешто веруваме. Конците на куклите се во нашите раце. А тоа треба да се искористи.

3. Зафатеноста не значи продуктивност

Зафатеноста не е предност, нити нешто достојно за почит, како што изгледа во денешниот капиталистички и материјалистички свет. Иако сите имаме луди распореди и ритами на живот, многу малку од нас имаат вистинска потреба да бидат постојано зафатени. Едноставно не знаеме како да живееме во маргините на нашето време, правилно да ги подредуваме приоритетите и да кажуваме „не“ кога тоа е потребно.

1-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mk

4. Мислење и правење се две различни нешта

Успехот никогаш не доаѓа додека размислуваме за него. Чувството кога го правиме она што го сакаме е непроценливо. А кога нешто сакаме целосно, нормално е веднаш да го побараме тоа и да продолжиме да го правиме. Да, страшно е да пробуваме нови работи, но со нив доаѓа возбуда и некое ново чувство на задоволство. Тоа би требало да би биде доволно за да тргнеме. Ако го чекаме вистинскиот момент, тој никогаш нема да дојде, а со него нема ни да се остварат нашите најлуди соништа.

5. Пред успехот секогаш има неуспех

Ова е многу тешко да го запомниме во моментите на неуспех. Но, ако успееме да го запаметиме ова, нашиот живот веднаш ќе стане подобар. Неуспехот е како стрела, веднаш после него сме насочени само кон успехот, но потребно е да го видиме тоа. Поголемиот број грешки се неизбежни, така што место да се грижиме за следниот неуспех, треба едноставно да продолжиме понатака. Да научиме да си простиме и да не се плашиме од неуспех.

4-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mk

6. Не е потребно извинување за да простиме

Животот веднаш станува полесен кога ќе простиме. Нештото за кое ние сме лути повеќе ни тежи нам отколку на оној на кого му се лутиме. Животот станува многу полесен кога можеме да простиме. Простувањето е доблест која секој човек би требало да ја има. Размислувајте дека ако тоа непријатно искуство не се случило, вие немаше да научите значајна лекција во вашиот живот, за која сигурно ќе дојде вистинско време да ја примените. Секое искуство е искуство, без разлика дали е добро или лошо.

7. Некои луѓе едноставно не се за нас

Сите заслужуваме поддршка и љубов од луѓето во нашиот живот. Ако луѓето околу нас не ни даваат чувство на задоволство од себеси, тогаш важно е веднаш да се оттргнеме од нив. Освен чувството на неисполнетост, се јавува и големо незадоволство кое може да си поигра со нашата психа и да доведе до тешки проблеми како депресија, социјална анксиозност и слично. Не дозволувајте никој да ја испразни позитивната енергија од вас.

3-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mk

8. Пред сѐ, мора самите да се сакаме

Многу е важно да се однесуваме добро кон себеси. Мора да се сакаме за да успееме во кое било поле од нашиот живот. Треба да го цениме животот кој го живееме, а со тоа ќе успееме да ги оствариме и нашите соништа. Од есенцијална важност е да ја знаеме нашата вредност, иако можеби луѓето околу нас не ја знаат. Мора да се сакаме себеси, бидејќи ако ние не се сакаме, тогаш кој би не сакал?!

9. Материјалните предмети не нѐ карактеризираат

Предметите се само предмети и никогаш нема да влијаат на тоа кои сме како личности. Факт е дека имаме многу работи во животот кои искрено и не ни се потребни, без разлика колку наоѓаме изговори дека тие ни се „неопходни“. Од преполните плакари со непотребни парчиња облека кои фаќаат прашина до големите технолошки изуми. Сите овие предмети се целосно безначајни за нашиот секојдневен живот. Кога сите би пробале да живееме еден ден без технологија, можеби ќе се чувствуваме дека немаме што да правиме, но веднаш потоа ќе најдеме подобар начин како да го трошиме времето.

5-10-ocigledni-zivotni-lekcii-koi-prebrzo-gi-zaboravame-kafepauza.mk

10. Сѐ тече, сѐ се менува

Животот е ризик. Денес можеби сме најбогатите луѓе на светот, а утре најсиромавите. Важно е да прифатиме дека работите се менуваат со огромна брзина и честопати ние никако не можеме да го промениме тоа. Луѓето доаѓаат и си заминуваат од нашиот живот. А животот не застанува за никого. Се движи од мирно до хаотично, и сето тоа може да се случува само во неколку секунди. Секој ден е нов ден полн со безброј можности. Наше е само да го зграпчиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар