10 нешта за кои силните жени никогаш не треба да се извинуваат - Part 2

10 нешта за кои силните жени никогаш не треба да се извинуваат

6. Вашата рутина за убавина

Дали ви е потребен цел час да се подготвите? Дали постојано гледате видеа на Јутјуб за шминкање? Или пак готови сте за помалку од 20 минути и сакате природен изглед? Станувањето експерт за шминкање или одлуката да не носите шминка не е никаков криминал. Ако се чувствувате убаво кога ќе се нашминкате, правете го тоа. Запомнете дека ако се чувствувате убаво во вашата кожа кога ќе излезете надвор, ништо друго не е важно. Сите знаеме дека самодовербата доаѓа од внатре и шминката или недостатокот од неа нема да го промени тоа.

10 нешта за кои силните жени никогаш не треба да се извинуваат

7. Вашиот личен стил

Дали сакате униформа или хеланки со тесна маичка? Дали сакате брендирана облека? Дали некој ви кажал дека средовечните жени не треба да носат кратки здолништа? Истражувањата покажале дека облеката што ја носиме влијае на тоа како се чувствуваме за себе. Она што прави да се чувствувате убаво е ваш личен избор, не на општеството, на пријателката, на партнерот или на вашата мајка. Одбирајте облека која одговара со вашиот животен стил. Облека која прави да се чувствувате храбро и среќно. Облеката која прави да се чувствувате моќно е подобра и од комбинациите во модните списанија.

8. Вашето тело

Гордо ги покажувате вашите стомачни? Со задоволство носите бикини иако имате големи гради? Бројот на вашата вага, големината на вашиот фустан или вашите мускули не ја дефинираат вашата вредност. Без разлика какво е вашето тело, вие заслужувате да бидете слушнати без да ви судат. Фокусирајте се да го живеете животот до максимум и не бидете опседнати со вашето тело. Нема потреба да ги одложувате задоволствата сè додека не исполните некој критериум за убавина. Она што е важно е да бидете здрави и да се грижите за себе.

9. Прифаќање или борење против вашата возраст

Дали со гордост ја носите побелената коса? Дали имате закажано за ботокс третман? Денес постојат безброј правила за тоа како „правилно“ да стареете, но зошто да ги следите? Притисокот да изгледате „младо“ ве тера да се откажете од личноста којашто сте и да се срамите од природата на човекот. Наместо тоа, обидете се да изгледате најдобро. Стареењето е неизбежен дел од животот и не треба никому да објаснувате како ќе се справите со тоа. Годините се само број, задржете ја младоста на вашиот дух.

10 нешта за кои силните жени никогаш не треба да се извинуваат

10. На што сакате да трошите пари

Не можете да го започнете денот без некое поскапо кафе? Секој месец одите на козметичар? Дали патувањата ви предизвикуваат задоволство? Дали ви се има случено да ве прашаат како можете да трошите пари на сè и сешто? Сè додека не се задолжувате, ако трошењето на одредени работи прави да се чувствувате убаво, продолжете со тоа. Животот е краток, па потребно е да си пружите и некои задоволства.

Престанете да ја трошите вашата енергија објаснувајќи ги вашите избори и извинувајќи се за тоа како го живеете вашиот живот. Никој нема право да ви суди.

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го овој неверојатен текст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар