10 нешта што ќе се случат кога ќе почнете да се грижите за себе и да се чувствувате добро
Можеби долго време ви било лошо. Сте се фокусирале на погрешните работи, сте се дружеле со токсични луѓе и не сте воделе грижа за себе. Но, конечно сте собрале храброст да го направите она што треба, сте излегле од удобната зона и сега пред вас има цел нов свет. Кога ќе почнете да се чувствувате подобро, нормално е да очекувате многу промени во вашиот живот, од кои повеќето би требало да бидат позитивни. Па, погледнете што ќе се случи кога ќе почнете да се чувствувате подобро.
1. Ќе се будите мотивирани
Без разлика дали е понеделник или сабота, ќе имате неверојатна енергија за да се соочите со секој ден. Се чувствувате живо и похрабро. Подготвени сте да ги завршите обврските. Сакате да надополните за испуштените, неинспиративни денови. Сакате да му покажете на светот дека конечно се движите напред.
2. Кон вас ќе се движат подобри нешта
Изненадувачки, почнувате да налетувате на добри нешта како никогаш претходно. Изгледа како судбината да сака да ви надополни за испуштеното. Луѓето ви даваат едноставни подароци. Добивате комплименти од сите. Забележувате дека некој ви упатил насмевка. Книгата што ја сакате е на распродажба. Мајка ви ви го направила омиленото јадење. Вашата апликација (без разлика за што е) е одобрена. Она што сте го изгубиле во тешкиот период, дефинитивно има замена.
3. Ќе станете поорганизирани
Кога ќе се средите, ќе ги средите сите работи околу вас. Вашите очи се измориле од нередот, па присилени сте да средите сè. Планирате однапред и се држите до тоа. Доста ви е од одлуки кои потекнувале од тоа што другите ви биле приоритет. Овој пат се фокусирате на она што е навистина важно.
4. Конечно ќе знаете што навистина сакате
Конечно се ослободивте од здодевната работа и патувате, не како бегство, туку поради страст. Конечно сте започнале да го пишувате вашиот текст и ќе направите сè за да го издадете. Конечно сте доволно храбри да ги одбиете другите, да се држите до вашите верувања и да ги браните. Повеќе не трошите време на незначајни работи бидејќи имате поважни нешта. Вие не сте сонувач, вие сте достигнувач.
5. Луѓето околу вас ќе чувствуваат исцелување
Аурата на вашето „оживување“е пресилна и се пренесува преку душите околу вас. Вие сте нивната енергија и нивна инспирација. Вашето исцелување е заразно, не можете и не сакате да го чувате за себе.
6. Ќе научите да се сакате себеси
Ништо не може да ве крши како погрешната љубов. Сте дале сè на погрешни луѓе. Но вие сте најсилниот столб на вашиот живот. Никој и ништо друго. Тоа не е вашиот партнер, мајка ви, татко ви, пријателите или пак вашето дете. Додека да се подобрите, веќе ќе знаете како да се грижите за себе.
7. Секогаш ја одбирате зрелоста
Кога нештата ќе тргнат на лошо, никогаш не обвинувате никого. Најпрво добро размислувате. Сочувствувате со луѓето пред да им судите. Кога пријателите ќе излезат без да ве викнат, не се чувствувате лошо. Кога не ви одговараат на пораките, не им замерувате за тоа. Кога шефот ќе покаже незадоволство дури и покрај напорната работа, оставате да се смири и да му помине. Едноставно сте научиле да не се грижите за нештата што всушност не го заслужуваат тоа.
8. Вашата вера е посилна
Кога ќе сфатите дека вам може да ви биде подобро, ќе сфатите дека можеби навистина ви помогнал некој. Без разлика дали сте духовни, личност што верува во Бог, или пак ниедно, вашето подобрување може да ве натера да верувате во сила поголема од вас.
9. Ќе ги зголемите вашите стандарди за луѓето кои се дел од вашиот живот
Сигурно не сакате уште една погрешна личност да ви го руши животот. Сега сте помудри и не толерирате злобни и деструктивни луѓе. Се штитите, дури и ако тоа значи да бидете сами. Повеќе сакате независност отколку очај.
10. Светот станува поубав
Колку и да звучи излитено, битката што сте ја воделе ќе ве натера повеќе да го цените животот бидејќи сте станале нова личност. Подготвени сте за убавиот резултат од горчливото искуство. Светот ви се восхитува што сте одлучиле да преземете одговорност и да си помогнете, наместо да ги затворите очите и да ја испуштите убавината на светот.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека животот ви е подобар отколку што мислите.