10 нешта што дланките може да ги откријат за вашето здравје
Дланките можат многу да кажат за вашата здравствена состојба и често, преку нивниот изглед и тоа како ги чувствувате, може да се претпостави некоја дијагноза. Секој специјалист може да предвиди што се случува со вас и вашето тело, само на основа на вашата дланка.
1. Слаб стисок со дланката
Додека при поздравување тоа може да значи дека сте незаинтересирани или „млитави“, во медицината ваквата појава има сосема друго објаснување. При вршење општ преглед, стисокот е особено важен параметар. Според лекарите, силен стисок значи здрава структура на кардиоваскуларниот систем, додека пак колку е послаб, толку е поголем ризикот од заболувања на срцето и крвните садови.
2. Мали црвени мозолки или плускавци
Црвените точки на дланката или зглобот може да бидат знак за алергија на никел, кој се наоѓа во накитот, мобилните телефони, но и во некои видови храна, како што се чоколадите, сојата, кикириките и овесот. Проверете која храна содржи никел и обидете се да не ја консумирате, за да заклучите дали проблемот потекнува оттаму.
3. Дланки кои постојано трнат
Многу луѓе ги чувствуваат овие „трпки“ бидејќи спијат со неприродно свиткани зглобови. Со тоа, тие вршат притисок врз нервот кој води од зглобот до дланката. Доколку ова се случува пречесто, може да се оштети нервот или мускулот, што пак води до таканаречениот синдром на карпален тунел, кој се лечи со операција или со имобилизација на зглобот. Но, некогаш и анксиозноста може да предизвика трнење на прстите, додека пак ако наеднаш почувствувате трнење и слабост во целата рака, а не само во дланката, мора веднаш да одите кај доктор.
4. „Непослушни“ прсти
Вашите прсти се изместуваат, се закочуваат и болат при секој обид да ги свиткате или исправите? Ова се случува кога ткивото кое ги поврзува коските во прстот е воспалено и ги ограничува движењата, што предизвикува некогаш да почувствувате и болка, особено во палецот и домалиот прст. Најчесто оваа појава е поврзана со артритис, состојби со тироидната жлезда или со дијабетес.
5. Црвенила, лишаи и лупење на кожата
Псоријазата е автоимуно нарушување што предизвикува оштетувања на горниот слој на кожата и може да се манифестира со црвенила и лишаи на прстите и околу ноктите. Следете ги и промените на ноктите, бидејќи може да се случи и нивно оштетување или одлепување од кожата. Доколку се сомневате во псоријаза, веднаш одете на лекар, за да можете да почнете со лечење и да се заштитите од артритис и кардиоваскуларни заболувања.
6. Промена на бојата на прстите
Доколку забележите дека вашите прсти добиле неприродно бела боја, која потоа преминува во сина, виолетова или црна, тогаш на вашето тело му е или премногу студено или е изложено на преголем стрес. Промената на бојата на прстите може да биде предизвикана и од промена на температурата, но и од нагли шокови кога е во прашање емоционалната состојба на личноста. Во ваков случај, нагло губите крв од крајните делови на телото, а кога ќе помине стресот, крвта наеднаш се враќа и вашите прсти може да добијат интензивно црвена боја. Оваа состојба не е опасна сама по себе, доколку е предизвикана, како што рековме, од студ и стрес. Инаку, доколку не постои ништо од тоа, може да се работи за некоја автоимуна болест, како што се лупус или склеродерма.
7. Тресење на дланките
Кога е премногу ретко, тресењето е сосема нормална појава, но доколку се случува и по неколку пати на дневна база, тогаш се работи за нешто посериозно, како што е невролошко нарушување. Психолошкиот тремор е последица на лошо спиење, прекумерна доза кофеин или земање одредени лекови. Но, доколку не препознавате ниту една можна причина, тогаш одете на лекар и проверете го вашето здравје, бидејќи тресењето на дланката, особено на едната, често може да биде прв симптом на Паркинсонова болест.
8. Виолетови дамки на прстите
Ваквите дамки може да бидат црвени и виолетови и се појавуваат на врвовите на прстите. Во таков случај, лекарите знаат дека се работи ендокардитис – инфекција на залистоците во срцето. Дамките може да се појават под ноктот или на самиот врв на прстите, поради крварења од капиларите предизвикани од ендокардитисот.
9. Болки во дланката
Постои цел спектар на воспалителни заболувања кои може да предизвикаат непријатно чувство и болка во дланките, меѓу кои и ревматска артритис, псоријаза, лупус, воспаленија на крвните садови, склеродерма (болест на сврзните ткива) и дерматомиоситис (болест на кожата и мускулите).
10. Предолг претпоследен прст
Според статистичките податоци со кои располагаат докторите, должината на претпоследниот прст директно зависи од изложеноста на тестостерон на бебето во матката. Општо земено, мажите се оние кои имаат подолг четврт прст. Според некои лекари, женските бебиња кои во ембрионалниот развој имале поголема изложеност на тестостерон, во текот на животот имаат поголема предиспозиција за да бидат успешни во некој спорт.
Откријте ги и 5-те тајни за младешки изглед на вашите дланки.