10 нешта од кои треба да се ослободите пред крајот на оваа година
Како што навлегуваме во последните денови од 2014 година, така почнуваме и да чувствуваме поместување на енергијата. Декември е многу важен месец бидејќи во него најчесто се поставуваат основите за наредната година. Токму затоа искористете го ова време за да се фокусирате на вашите цели, но и за да се ослободите од оние нешта кои ви влијаат негативно. Во духот на подготвувањето за новата година и отпуштањето на сите оние нешта од кои немате веќе никаква корист, погледнете ги наредниве 10 нешта кои треба да ги исфрлите од вашиот живот пред да дојде 2015 година.
1. Ослободете се од размислувањето дека не сте онаму каде што треба да бидете. Сè што сте направиле досега ви помогнало да станете онаа личност која сте сакале да бидете.
2. Ослободете се од сите мисловни шеми кои ве влечат наназад. Време е да започнете да си кажувате попозитивна приказна на себе.
3. Ослободете се од идејата дека предизвиците со кои се соочувате се долготрајни. Сите препреки се краткотрајни, но лекциите кои ги учиме од нив се оние кои остануваат долго со нас.
4. Ослободете се од потребата да ги имате сфатено сите нешта. Она што денес нема смисла, ќе добие некој нареден ден.
5. Ослободете се од идејата дека ништо не ви оди од рака. Сè е многу подобро откако можете да го замислите.
6. Ослободете се од прашањето „ЗОШТО“ ви се случува ова вам. Наместо тоа, запрашајте се што можете да научите од оваа ситуација.
7. Ослободете се од потребата да ги контролирате сите нешта. Можеби нема да го добиете она што го сакате во оној момент кога го сакате, но верувајте дека секогаш ќе го добиете она што ви е потребно тогаш кога навистина ви е потребно.
8. Ослободете се од мислата дека вие сте вашите грешки. Не постојат грешки, постојат само лекции.
9. Ослободете се од потребата да бидете секогаш во право. Ако им докажете на другите дека не се во право, тоа не значи дека вие сте во право. Наместо тоа, фокусирајте се кон себе. Кога сте сигурни во своите избори, едноставно нема што да докажувате.
10. Ослободете се од мислата дека е предоцна за вас. Вашите соништа немаат рок на траење. Следете го вашето срце и ќе постигнете повеќе отколку што можете да замислите.