10 нешта кои треба да ги знаете доколку започнете врска со девојка која долго време била сингл
Доколку сте започнале љубовна врска со девојка која подолго време била сингл, тогаш треба да знаете неколку нешта доколку сакате да го одржите вашиот однос. Најпрво, треба да бидете трпеливи затоа што таа е навикната на сосема различен живот. Од друга страна, ако навистина ѝ се допаѓате таа ќе направи сè за да ве задржи покрај себе, па не се плашете доколку ви настапи малку погрубо од она на што сте навикнати…
Погледнете ги следниве 10 нешта кои можете да ги очекувате од девојка која долго време била сингл…
1. Тaa спиe на целиот кревет. Токму затоа подгответе се да бидете истуркани на самиот раб бидејќи тие едноставно не се навикнати да го делат својот кревет. И покрај тоа што многу сакаат да се прегрнуваат, тие уште повеќе сакаат да се протегнуваат.
2. Нејзиниот избор на долна облека може да е малку чуден. Кога тие чувствуваат дека ќе бидат дел од потенцијална долготрајна врска, не се плашат да инвестираат во чипка која може да ги полуди сите момци.
3. Таа има голем апетит. И покрај тоа што не се навикнати да ја делат својата храна, а уште помалку својот десерт, сепак се трудат најдобро што можат, па токму тоа и треба да го цените.
4. Нејзиното семејство не знае ништо за вас. Бидејќи ако им спомнат било што, тие ќе бидат толку многу возбудени што нема да се смират додека не ги дознаат сите детали за вас. Токму затоа, сега за сега, полесно им е да ги чуваат работите во тајност.
5. Но, нејзините пријатели знаат сè. Тие се толку возбудени што едноставно морале да ја споделат оваа новост со нивните пријатели, притоа анализирајќи го заедно секое ваше движење…
6. Таа понекогаш знае да игра топло – ладно. Едноставно потребно им е малку време да сфатат како тие самите функционираат во врските, па токму затоа не се нервирајте доколку нивното расположение ненадејно и без никаква причина се менува.
7. Таа е многу зафатена. Бидејќи немале друга личност покрај себе, тие се навикнати да одржуваат густ социјален календар, па токму затоа ќе им биде потребно малку време да го намалат своето присуство на сите можни настани во градот и пошироко.
8. Љубовните состаноци во недела вечер се совршени за неа. Наместо да лежат на својот кауч, со ужасен мамурлак, тие многу повеќе би сакале да го поминат ова слободно време со вас.
9. Нејзините пријателки сигурно многу ве осудуваат. Најверојатно тие немаат ништо лично против вас, туку едноставно реагираат по навика поради сите оние лоши момци кои нивната пријателка ги запознала во минатото. Оставете им малку време да се навикнат на вас и работите брзо ќе се подобрат…
10. Има ниска толеранција. Тие поминале низ многу лоши врски, како и низ многу осамени денови, па токму затоа доколку си играте со нив, тие ќе го почувствуваат тоа во истиот момент и големи се шансите дека никогаш повеќе нема да ги видите.