10 нешта кои сите сестри треба заедно да ги направат пред да наполнат 30 години

10 нешта кои сите сестри треба заедно да ги направат пред да наполнат 30 години

Ако имате сестра, тогаш сигурно сте свесни за вашата нераскинлива врска – да се има сестра е исто како и да се има најдобра пријателка за цел живот со која делите сличен генетски материјал кој би можел да ви го спаси животот, на овој или оној начин, независно од тоа дали заслужувате или не.

10 нешта кои сите сестри треба заедно да ги направат пред да наполнат 30 години

Многу често односот помеѓу сестрите се зема „здраво за готово“, но токму таа е личноста која најчесто сакате да ја видите или чуете, особено кога имате потреба да ѝ се доверите или да споделите нова вест. Доколку се чувствувате на овој начин покрај неа, тогаш без сомнение би требало да се дружите што е можно повеќе.

Ако ниту една од вас нема наполнето 30 години, тогаш пред вас би можеле да се најдат некои навистина незаборавни авантури – иако годините никогаш не се пречка за авантурите! Точно, секој однос е различен, но следниве 10 нешта би можел да ги направи секој со својата сестра, особено ако уште сте во 20-тите. Нема подобар начин да создадете незаборавни сеќавања.

1. Испланирајте лудо патување и направате што е можно повеќе заеднички селфиња.

2. Тетовирајте се заедно така што ќе го вклучите вашиот таен сестрински симбол или иницијалите на вашите имиња.

3. Тешете се по раскинувањето, проблемите и неуспесите, дури и ако ве раздвојуваат стотици километри.

4. Одберете ваш заеднички алкохолен пијалак и секогаш пијте го за посебни прилики.

5. Бидете искрени кога таа ќе ве праша за мислење за нејзиниот нов партнер.

6. Секогаш лажете за вашата сестра пред родителите, а потоа насамо одржете ѝ голема лекција.

7. Споделете со неа тајна која никому не сте ја кажале и која никогаш повторно нема да ја изустите.

8. Одете на спа третман со неа – тоа е најдобриот лек за душата!

9. Одете заедно на фестивал или на концерт.

10. Тргнете на патување со заедничките пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар