10 нешта кои силните жени никогаш не ги бараат од мажите

10 нешта кои силните жени никогаш не ги бараат од мажите

Постојат неколку нешта кои ниту една силна, независна и храбра жена не би требало да ги побара од својот партнер. Дел од овие нешта укажуваат на нејзините несигурности, кои можат да влијаат негативно врз самата врска. Токму затоа доколку сакате да го одржувате здравјето на вашата врска, тогаш никогаш не би требало да ги барате следниве 10 нешта од мажите…

10 нешта кои силните жени никогаш не ги бараат од мажите

1. Водење на вашите битки

Да, убаво е чувството на безбедност покрај партнерот, но тоа не значи дека тој треба да се вмешува секогаш кога ќе имате недоразбирање со вашите пријатели. Создавањето драма само со цел вашето момче да дојде и да ве спаси е знак на слабост.

2. Докажување на неговата послушност

Едно нешто е да го замолите вашиот партнер да ви купи женски производи доколку навистина имате потреба од нив, а тој е веќе во маркетот, но нешто сосема друго е ако го испратите со цел да ја направи оваа задача место вас. Особено ако го правите тоа само поради фактот да им кажете на вашите пријателки што сè е тој подготвен да направи за вас.

3. Присилување да поминува помалку време со пријателите

Не сфаќате зошто тој поминува и по 8 часа играјќи видео игри со неговите пријатели во недела? Нема потреба да сфатите. И тој сигурно не сфаќа зошто сте изгубиле 6 часа во шопинг со вашите пријателки, но не се меша помеѓу вас. Сè додека наоѓа време да биде со вас, оставете го да има живот и надвор од вашата врска, дури и ако не разбирате зошто тој толку ужива во таа активност.

4. Вметнување во неговиот личен план за социјални активности

Вашиот партнер има живот и надвор од вашата врска, па токму затоа треба да го оставите и да „дише“ малку. Не се вознемирувајте доколку тој не ве покани на собир кој го организираат неговите колеги од работа или пак ако излезе сам со неговите пријатели во сабота. Ова не се причини да се чувствувате несигурно, баш напротив, треба да бидете среќни што тој одржува здрав пријателски однос со луѓето околу него.

5. Разговарање на женски теми

Кога жените се сретнуваат, тие разговараат буквално за сè. Но, кога момците поминуваат време заедно, тие едноставно се дружат. Да, добрата комуникација е клучна во секоја врска, но не се лутете доколку тој се „исклучува“ кога му ги пренесувате најновите озборувања од дента. Тој сигурно не ни знае за која личност точно зборувате…

6. Терање да гледа женски серии и филмови

Сериозно, постојат многу филмски и ТВ приказни во кои би можеле и двајцата да уживате, па ве молиме да не го форсирате да гледа романтични комедии во кои главниот лик е невестата, а целата приказна се врти околу нејзиниот однос со девериците.

7. Барање да го промени својот карактер

Или неговиот изглед, пријателите, работата… Жените имаат лоша навика да се вљубат во потенцијалот на мажот, но не и во она што тој е во моментов, па токму затоа даваат сè од себе за да го сменат. Во истиот момент кога ќе го погледнете вашиот партнер како проект, врската ќе почне да се распаѓа.

8. Зборување лошо за неговата фамилија

Без разлика на тоа каков кошмар се неговите најблиски роднини како и проблемите низ кои поминуваат, вие во никој случај не треба овие нешта да ги сведувате на ниво на озборување, особено кога сте во поголема група луѓе.

9. Објавување многу фотографии од вас на социјалните медиуми

Само затоа што сте „заљубени“ не мора да го покажете тоа на целиот свет. Исто така, доколку тој не ја менува секојдневно профил-фотографијата со ваши слики, не значи и дека не е заинтересиран за врската. Баш напротив, тој сака да ги задржи вашите спомени во неговите мисли, а не да ги изложи пред целиот свет.

10. Организирање двојни состаноци против неговата волја

Само затоа што и вие и вашата најдобра пријателка сте во врски, не значи дека вашите партнери ќе се согласуваат. Да, вие можете да пробате, но ако не оди работата престанете да форсирате тие да станат пријатели. Гледајте се со вашата пријателка насамо, исто како што правевте пред да започнете со вашите врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар