10 нешта кои секоја девојка ги прави по раскинување

10 нешта кои секоја девојка ги прави по раскинување

Неодамна сте се разделиле со момчето во кое сте биле навистина заљубени? И покрај тоа што секоја личност има свој различен начин на справување со вакви ситуации, сепак сме сигурни дека ќе се пронајдете во дел од овие постапки кои секоја девојка има навика да ги прави по раскинувањето.

10 нешта кои секоја девојка ги прави по раскинување

1. Претерано троши. На сè. Започнувајќи од нова постелнина за креветот (па, таа не може да спие врз онаа која го потсетува на него, нели?) па сè до неочекуваната (читајте: ужасна) нова фризура. Но, откако ќе потроши 100 евра во само еден ден, таа се чувствува многу подобро!

2. Пие. Многу. Дури и кога не пие, таа испраќа пораки со емотикон од вино и прашалник до него на сите нејзини контакти.

3. Собира солени закуски. Нејзиниот патетичен апетит не може да поднесе цел оброк, па токму затоа чинија чипс или пуканки се одлична замена за вечерата.

4. Се обидува да биде „во ред“ прерано. Чекор 1: Испланирајте неверојатна вечер со другарките за да го прославите вашиот нов сингл статус. Чекор 2: Започнете со плачење во 9 часот директно врз вашата чаша вино.

5. Кажува лаги. Кога тој ќе ѝ пише за да ја праша како е, таа одговора со „Извини, чиј е овој број?“ Да, тоа е навистина зрел чекор.

6. Се обидува да биде пријателка со него. Но, тоа никогаш не успева. Барем не веднаш. Престанете да се лажете себеси дека сè е во ред и едноставно поминете го месецот мразејќи го.

7. Му праќа пораки кои се читаат меѓу редови со помош на цитати на социјалните мрежи. „Доверба? Потребни се години за да се изгради и само неколку секунди за да се скрши.“

8. Се претвора во сајбер демнач. Која е таа девојка која му станала пријателка на Фејсбук? Која е таа личност на неговата профил фотографија? Од кога па тој почнал да твита?

9. Му праќа пораки на пијано. Сосема логични и доследни нешта како: „Еј ми недостигаш! Ха ха :)“ и бидејќи тој не одговорил во следните 2 минути потоа следува: „Не ми се верува дека те сакав, немој никогаш повеќе да си ми пишал!“

10. Ја поминува ноќта со личност за која потоа се кае. Може да биде со него, а може да биде и со некоја сосема друга личност. Во секој случај, најчесто утрото се чувствува виновно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ужас и мизерија. Reply

    Јас навистина подолго време се прашувам и добив потреба да реагирам(што не се случува често) на овие квази-научни, или не знам како и со друг збор би ги нарекла, статии. Како прв момент што ме заинтригира е фактот што ДИПЛОМИРАН психолог ги пишува овие статии и се прашаувам како ли на овој “психолог” му дале диплома? Секоја, СЕКОИ, правила за среќен живот, како да го преболете бившиот и останати рецепти не смеат да му паднат на ум на личност што се занимава со оваа професија и треба да е отпорен на генерализации, верувања, егзактни и апсолутни факти. Да не зборувам на “тестовите” на интелигеција, знаење, било што. Валидни?Релијабилни? Имаат докажани психометриски карактеристики или се производ на вашата имагинација? Ќе го подобрат животот? Мислам дека оваа девојка дипломата би можела без размислување да ја фрли во канта за отпадоци, таа нема никакво поголемо значење од парче хартија и назив. На почетокот мора да признаам дека ми бевте меѓу топ 5 сајтови, но веќе насловите на статиите ми се смешни и ретко кога некој ќе отворам. А и доколку отворам, тоа е поради тоа што ме интересира да видам кои апсурдни нешта се напишани во тоа. Во суштина, не сум хејтер, но земете предвид дека овие статии ви ја нарушуваат целосно репутацијата.

    • Моника Трајковска Reply

      Уште веднаш да расчистиме една работа. Јас на овој сајт сум автор, а не психолог. Мојата работа е да пишувам различни содржини за различни видови луѓе, а не да се обидувам преку статии да одржувам онлајн терапии за оние кои имаат одредени проблеми. Тоа не значи дека не пишувам психолошки теми, баш напротив, уживам во нив, но не сите ги интересираат тие текстови, па токму затоа постојано се трудам да опфаќам што е можно поразновидни теми. Да, пишувам и совети, и секако доколку некогаш работам како психотерапевт, никогаш не би советувала некој од моите клиенти што да прави, туку би му/ѝ помогнала преку разговор да открие што тој/таа навистина сака и му/ѝ е потребно, бидејќи тоа е работата на ПСИХОЛОГОТ, но пак ќе кажам, мојата работа како АВТОР ми дозволува да бидам креативна и понекогаш сметам дека со моите размислувања можам да помогнам барем на една личност да успее да реши некој проблем. Од каде знаеш, можеби токму тој совет, во тој момент некому му било многу потребно да го прочита. Од друга страна, некој друг па ќе помисли дека е жива глупост – како тебе. И сè тоа е во ред, бидејќи секој човек е уникатен на свој начин и не сите нешта им одговараат на сите луѓе. Што се однесува до тестовите, поголемиот дел од нив се за забава, но доколку убаво пребараш низ сајтот ќе забележиш дека има и тестови кои психолозите низ светот, вклучувајќи ги и нашите, ги користат во вистински психолошки истражувања. Баш неодамна објавив еден таков тест кој јас лично го користев за мојата дипломска.

      Во секој случај не знам што точно допрело до тебе и те испровоцирало за овој коментар, ама сепак мој совет е во иднина да се воздржиш од навреди во ситуации каде што не ја знаеш ниту разбираш целата приказна бидејќи можеш да повредиш нечии чувства.

Остави коментар