10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа

10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа

Дали конечно сте го направиле првиот чекор кон остварување на вашите соништа? Дали започнавте да ја следите вашата страст и во моментов се наоѓате во сосема нова реалност? Или пак можеби самата помисла на оваа ситуација ви влијае лошо на стомакот и токму поради тоа не решавате да скокнете од работ кон несигурноста? Погледнете ги наредниве нешта кои ве очекуваат доколку го направите овој голем ризик и почнете да ги следите вашите соништа…

10 нешта кои ќе се случат доколку почнете да ги следите вашите соништа

1. Често ќе бидете преплашени – Одвреме-навреме стравот може дури и да ве парализира, но желбата и страста да го правите она што го сакате постојано ќе преовладува и ќе ве одржува на вистинскиот пат.

2. Постојат периоди кога ќе бидете многу несигурни – И можеби ќе се чувствувате многу непријатно, но тоа е во ред. Со тек на време ќе научите како полесно да се справувате со ова чувство.

3. Ќе излезете од вашата удобна зона – Ова е нешто навистина позитивно, бидејќи тоа е единствениот начин да почнете да ги проширувате решенијата за остварувањето на вашите соништа.

4. Двоумењето постојано ќе ви биде зад грб – Со тек на време ќе научите дека подобро е да се насмеете на себе и да продолжите по вистинскиот пат отколку да го трошите целото време и енергија во потрага по изворот на двоумењето.

5. Вие со сигурност ќе успеете да изнервирате одредени личности од вашиот живот – Секако, ова ќе го направите ненамерно, но понекогаш луѓето едноставно се плашат од промени. Токму затоа доколку тие се обидуваат драматично да влијаат врз вашата одлука, потсетете се дека не можете да ги контролирате сите нешта околу вас и дека единственото нешто над кое имате контрола е вашата реакција. Одберете мудро.

6. Ќе дознаете многу нешта за себе – Со сигурност ќе наидете на моменти кога ќе сакате да се откажете од сè и кога ќе се сомневате во секој ваш чекор. Но, мора да научите дека и лошите денови се дел од севкупниот процес.

7. Ќе научите како да барате помош и од другите – Бидејќи ниту една личност не може, но и не мора сама да помине низ ова патување.

8. Ќе дојде и оној ден кога ќе посакате да престанете со ризиците и да се помирите со нешто посигурно – Ќе размислувате сериозно на оваа тема, но многу набрзо ќе сфатите дека правењето на она што навистина го сакате ви носи многу поголема награда отколку лажното чувство на сигурност. Вие сте дошле толку далеку, зошто сега да се откажете?

9. Ќе се чувствувате ранливо – Нема да бидете сигурни дали сте подготвени да ја споделите вашата вистинска страна со светот. Ова е застрашувачко бидејќи е блиску до вашето срце и сосема е нормално да се плашите од начинот на кој ќе ве прифати светот.

10. Ќе постојат денови кога ќе бидете среќни како мало детенце кое го открило вкусот на чоколадото – Во овие моменти ќе се запрашувате зошто порано не сте почнале со остварувањето на вашите соништа. Секоја работа има свои позитивности и негативности, но тоа не значи дека треба да се фокусирате само на лошите работи.

На крајот од денот, ризикот секогаш вреди. Токму затоа забавувајте се во вашиот скок од работ и уживајте во лудата авантура која целосно ќе го исполни вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар