10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

Почнувајќи од најобичните и секојдневни работи, па сѐ до оние сериозните и важни карактеристики на една врска, партнерството треба да е едно убаво доживување. На секоја жена ѝ е потребен маж кој ќе ја сака и почитува и покрај сѐ, а тогаш кога не е сѐ во ред и се јавуваат проблеми, тој ќе го намали лошото влијание така што ќе биде покрај неа. Со други зборови, добриот маж никогаш не би ги направил следниве работи.

(1)-10-neshta-koi-dobriot-mazh-nikogash-ne-bi-i-gi-napravil-na-svojata-sakana-kafepauza.mk

1. Тој никогаш не би наоѓал замерки за нејзиниот изглед

Ако се тргне од фактот дека ја сака девојката покрај себе, може да се претпостави дека ќе ја сака без разлика на тоа дали косата ѝ е средена или не. Она што уште помалку би го направил е нагласување на некои вакви ситници од физичкиот изглед бидејќи со тоа само ќе направи таа да се чувствува лошо. Добриот маж размислува пред да каже нешто бидејќи не сака да ја повреди жената која ја сака.

2. Тој никогаш не би ја нарушил нејзината приватност

Секој има право на своја приватност и свој простор. Врската која се базира на доверба ја сочинуваат маж и жена кои ја почитуваат приватноста на другиот. Навистина, во врска не би требало да постојат тајни, но факт е дека не се кажува секогаш сѐ. Добриот маж никогаш не би ја загрозил врската и не би ја навредил својата сакана со тоа што ќе ја наруши нејзината приватност.

3. Тој никогаш не би ја обесхрабрил

Поддршката и меѓусебното бодрење на партнерите се неопходни во една врска. Потребно е да знаете дека може да се потпрете на некого и дека тој некој е тука и покрај вас за секоја работа. Добриот маж никогаш намерно не би ја обесхрабрил својата сакана бидејќи дури и кога не се согласува со неа, доколку таа е решена, тој е свесен дека со негодувањето само ќе ја навреди.

4. Тој никогаш не би побарал таа да му докажува колку вреди

Свесно или не, во секоја врска се случува едниот партнер да му докажува и укажува на другиот колку тој вреди и дека неговото однесување не е во ред. Добриот маж знае колку вреди жената покрај него и е свесен за тоа колку таа му значи. Тој ја сака покрај себе, знае зошто и токму затоа никогаш не би ѝ наметнал чувство дека треба постојано да му докажува колку всушност вреди.

5. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува како последното нешто кое му паднало на памет

Сосема е нормално секој од партнерите да има социјален живот надвор од врската, очекувано е партнерите да работаат и да се зафатени, а и веројатно е дека во текот на денот ќе им излезат уште милион работи кои ќе треба да ги завршат веднаш. Но и покрај сето ова, со добар распоред се постигнува сѐ. Добриот маж никогаш не би дозволил неговата сакана да се наоѓа најдолу на листата на приоритети во неговиот живот.

6. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува осамено во врската

Врската треба да е целосна спротивност на осаменоста. Таа треба да претставува љубов, среќа, исполнетост, задоволство. Партнерството кое го претставува самата врска значи да се биде со некој заедно во сѐ – заедно да ги споделувате убавите и лошите моменти, заедно да правите работи, заедно да се смеете. Иако е понекогаш нормално да се чувствувате депресивни и тажни, врската значи заедно со некој да поминувате и низ тоа. Добриот маж никогаш не би дозволил таа што ја сака да се чувствува осамено во заедница која го означува токму спротивното.

7. Тој никогаш не би ја изневерил жената која ја сака

Љубовта се потпира на меѓусебното почитување. Невозможно е да сакате некого кого не го почитувате и не го цените. А кога некого почитувате и сакате, тогаш никогаш намерно не би го повредиле така што ќе го изневерите со некој друг. Доколку веќе имате желба да бидете со друга личност, тогаш е фер да бидете искрени со партнерот. Добриот маж никогаш не би ја изневерил својата сакана бидејќи знае дека така ќе ѝ го скрши срцето на милион парчиња и ќе ја изгуби засекогаш.

8. Тој никогаш не би ја навредил со непочитување

Додека за некои парови е важно каква слика презентираат пред другите, факт е дека она што е навистина важно е како тие се однесуваат кога нема никој во близина. Почитувањето на партнерот е многу важно, а најмногу се огледува во оние секојдневните работи и моменти. Добриот маж никогаш не би покажал нешто помалку од почит кон жената која ја сака бидејќи таа го заслужува тоа.

9. Тој никогаш не би избегнувал важни разговори

Сакале вие или не, врската бара многу работа и посветеност, па и крпење одвреме-навреме. Тоа значи дека ќе треба да се соочите со реални проблеми кои неминовно ќе се појават, па ќе ве очекуваат еден куп важни разговори со партнерот. Дури и кога немате желба да разговарате на некоја тема, доколку е витална за вашата врска, порано или подоцна таа ќе излезе на површина. Добриот маж никогаш не би избегнувал вакви важни разговори и не би го одложувал проблемот за понатаму бидејќи е свесен дека со разговор може да се решат многу работи.

10. Тој никогаш не би ја злоупотребувал

Физички или психички, злоупотребата може да се јави во секоја форма во која може да ја замислите. Тоа може да биде насилство во облик на тепање, силување, мачење, навредување, понижување и многу други работи. А никој нема право да го прави тоа на друга личност бидејќи никој не го заслужува тоа. Сето ова потекнува од желбата да се покаже сила и доминантност во однос на некого, а таков човек во животот не му треба на никого. Добриот маж никогаш не би ја злоупотребил таа која ја сака бидејќи за него врската е еднаквост и почитување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар