10 нешта без кои мажите со стил не можат да ја замислат зимата

10 нешта без кои мажите со стил не можат да ја замислат зимата

Кој вели дека треба да ви биде ладно за да бидете во тренд? Дури и во текот на ладните зимски денови можете да се чувствувате топло и пријатно доколку во орманот ги имате овие парчиња облека.

(0)-10-neshta-bez-koi-mazhite-so-stil-ne-mozhat-da-ja-zamislat-zimata-kafepauza.mk

1. Капа

Класичната капа секогаш ќе ве згрее најдобро, но ако не сакате да изгледате премногу вообичаено, тогаш одлучете се за еднобоен дизајн од кашмир.

2. Качкет од штоф

Качкетот од штоф истовремено е и стилски и топол моден додаток, кој ќе ви помогне секогаш да изгледате модерно и да се чувствувате удобно. Постојат различни модели и бои, а оваа сезона се популарни штофени качкети од твид кои имаат заштита за уши.

3. Шубара

Шубарата е можеби несекојдневен машки моден додаток, но ќе ви пружи моќен изглед и пред сè добро ќе ве стопли. Најквалитетни се оние изработени од кожа и крзно, како и тие од платно и мека волна.

4. Кожни ракавици

Ако сакате да ја сочувате кожата на рацете, мора да носите ракавици во текот на зимските месеци. Најдобро е да се одлучите за едноставни кожни ракавици, мазни и со јасни линии, а ако сакате да експериментирате тогаш купете си модели во повпечатливи бои.

5. Волнени ракавици

Доколку не преферирате кожни ракавици, тогаш одлучете се за волнени ракавици. Можете да ги носите во класичната црна или сива варијанта, но и во која било друга боја од спектарот. Популарни се и ракавиците кои се комбинација од кашмир и кожа бидејќи изгледаат отмено. На пазарот популарни се и ракавиците без прсти кои се многу практични.

6. Големи и долги шалови

Еден од најпопуларните зимски додатоци, кој секому му дава доза елеганција, се токму овие шалови. Популарни се и шаловите од кашмир во различни дезени и со задолжителните реси од двете страни.

7. Волнени шалови

Волнените шалови се класични и секогаш многу практични модни додатоци. Може да се изработени од различни видови волна и во различна плетка.

8. Чизми

Широкиот спектар модели на чизми ви дава можност сами да го одберете својот стил. Започнувајќи од чизмите кои ќе ви дадат креативен изглед, преку длабоките чевли со голем ѓон, па сè до најпопуларните зимски кондури со внатрешно крзно кои можат да се најдат во окер боја, но и во многу други бои, вие имате поголем избор одошто можете да замислите.

9. Активна долна облека

Активната долна облека е удобна и многу топла. Може да се носи под сѐ, бидејќи се припива за телото. Таа дури може да се носи и во теретана, како и на работа. Најчесто е дводелна, па токму затоа е и многу удобна. Доколку сте заинтересирани, лесно можете да ја најде во спортските продавници.

10. Влошки за обувки кои ќе ве греат

Посебните влошки за греење на стапалата со далечинско управување се одличен додаток. Тие функционираат како термостат и одат заедно со полначи кои се полнат на електрична енергија. Со далечинскиот управувач можете да ја регулирате температурата во зависност од вашите потреби и надворешната температура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар