10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

Сосема во ред е доколку не сакате да промените ништо во вашиот живот, но дали сте навистина задоволни од него? Сите ние треба да созреваме и да напредуваме, а не да тапкаме во место и да живееме во нашата удобна зона која не нѐ прави среќни и задоволни. Прочитајте ги следниве 10 знаци и доколку се пронајдете во нив, време е да преземете нешто за да си го подобрите животот…

10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

1. Ги имате истите пријатели од детството

Ако вашите сегашни пријатели се истите што сте ги имале во градинка, треба да почнете да го ширите вашиот круг на познанства. Не велиме дека вашите најдобри пријатели од детството се лоши, туку дека треба да си ги проширите хоризонтите и да запознавате нови луѓе.

2. Вината за вашите проблеми ја префрлате на луѓето околу вас

Го обвинувате светот, вашите браќа и сестри, пријатели, родители и непознати луѓе за сите ваши проблеми и неуспеси. Никогаш не преземате одговорност за вашите дела и грешки и како последица на тоа, постојано страдате.

3. Премногу се извинувате

Постојано се извинувате за сѐ и сешто. На работа се извинувате за туѓите грешки. Во пријателствата и врските се извинувате дури и тогаш кога не сте направиле ништо погрешно. Поради ваквиот начин на однесување, секогаш се ставате себеси на второ место.

4. Со сите се споредувате

Постојано се споредувате со вашите пријатели. Кога ги прелистувате објавите на Инстаграм и Фејсбук, мислите дека вашиот живот и изглед се полоши од животот и изгледот на останатите. Поради ова, постојано се омаловажувате себеси и не можете да бидете среќни.

5. Премногу лесно се откажувате

Не се трудите доволно. Кога некој ви се допаѓа, ако не ви возврати веднаш, кревате раце и престанувате да се обидувате. Не вложувате доволно труд за да го добиете она што го сакате, бидејќи мислите дека не вреди. Прифаќате просечни работи и просечни луѓе, затоа што имате ниска самопочит.

10 непријатни знаци дека не преземате ништо за да си го подобрите животот

6. Не сте го излечиле скршеното срце

Тонете во самосожалување и самоуништување поради болката од скршеното срце. Не знаете како да ја надминете оваа болка и како последица на тоа, не можете да одите напред и да продолжите со вашиот живот.

7. Не сте го преболеле поранешниот партнер

Поради тоа што сѐ уште сте безнадежно вљубени во вашиот поранешен партнер, не можете да ги забележите сите прекрасни луѓе кои ве опкружуваат. Ги игнорирате вашите најдобри пријатели и сакани, со надеж дека повторно ќе ја распламтите искрата помеѓу вас и вашата поранешна љубов иако таа одамна згаснала.

8. Повеќе се жалите одошто покажувате благодарност

Никогаш не сте благодарни за убавите нешта во вашиот живот и за тоа колку сте напредувале. Вистината е дека сте многу среќни поради тоа што имате покрив над главата и луѓе кои би направиле сѐ за вас. Но, дали обрнувате внимание на сето тоа? Не. Вие претпочитате да се жалите за вашите проблеми.

9. Ја потиснувате лутината

Се прекорувате себеси поради минатите грешки и се каете за работите што сте ги пропуштиле. Исто така, ја потиснувате лутината кон луѓето кои ви згрешиле. Поради тоа што не можете да се ослободите од овој гнев, не можете да живеете со полни гради и да го истражите сето она што светот го нуди.

10. Никогаш не сте го напуштиле родното место

Ако никогаш не сте го напуштиле родното место, тоа значи дека прифаќате помалку од она што го заслужувате. Преселете се во градот којшто отсекогаш сте сакале да го посетите. Патувајте низ светот. Преселете се во Австралија на една година. Не трошете го залудно времето што го имате на планетата Земја.

Дознајте и кои се 5-те нешта во животот со кои не треба да се помирите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар