10 навики на момците со добар стил

10 навики на момците со добар стил

Во време каде што трендовите имаат тенденција да доминираат во модата на мажите, оние кои имаат добар стил секогаш се истакнуваат од останатите. Како што трендот се менува, способноста постојано да се одржува стилот и добриот изглед никогаш не треба да биде потценета. И покрај тоа што нема еден и единствен пат кој води до добар стил, постојат неколку навики кои можат да ви помогнат во оваа цел. Започнувајќи од одржување на облеката, па сè до класичните манжетни, погледнете ги 10-те навики кои секој маж со добар стил ги има…

10 навики на момците со добар стил

1. Соодветно одржување на облеката

Купувањето стилски модни комбинации е еден вид уметност, но одржувањето и грижата за нив е сосема друга приказна. Момците со добар стил ја чуваат својата облека така што редовно посетуваат хемиско чистење и го одржуваат својот шкаф среден. На овој начин тие секогаш изгледаат свежо и забележливо.

2. Личен кројач

Момците со добар стил ја препознаваат потребата да се има одличен кројач. Без разлика за каква поправка станува збор, тие сакаат нивната облека совршено да им прилега врз телото. Откако ќе го најдете кројачот врз кој можете да се потпрете, вие веднаш ќе внесете свој печат врз секоја облека која ќе ја поседувате.

3. Миризба како личен печат

Наоѓањето совршен мирис може да биде тешко, но откако ќе го најдете тоа, вие ќе добиете многу поавтентичен изглед. Изгледот вклучува многу повеќе од облеката, тој меѓу другото се состои и од парфемот како и вашето однесување.

4. Инвестиција во класични манжетни

Без разлика на трендовите, џентлеменот секогаш треба да инвестира во оние безвремени парчиња кои лесно можат да преминуваат од една сезона во друга. Класичните манжетни се нешто што секој маж со добар стил би требало да ги има на дофат.

5. Едноставност

Едноставноста никогаш не треба да биде потценета. Сè што ви е потребно е облека која е испеглана, едноставна и соодветна на вашето тело. Комплицираниот изглед понекогаш на луѓето околу вас им делува неуредно и ве оддалечува од безвремениот класичен стил кој џентлемените би требало да го следат.

6. Месечна посета на бербер

Иако на дел од мажите ова можеби им звучи како обврска, сепак посетата на бербер кој ја разбира важноста на вашиот стил е навика која секој од вас би требало да ја стекне. Одењето на секои 4 до 5 недели за редовното кратење и одржување на вашата коса е клучно за одржување на добриот стил. Секако, потребно е да изберете бербер на кој можете да се потпрете и кој ќе знае како точно да го направи она кое сте го побарале.

7. Разбирање на личниот стил

Овие мажи го одржуваат својот личен стил, дури и покрај тоа што постојано се менуваат трендовите и правилата за облекување. Одржувањето на личниот стил така што ќе останете доследни на себе ве прави автентични помеѓу луѓето околу вас. Вие треба да знаете точно што ви стои добро на вашето тело, па дури и карактер, а потоа да се адаптирате на соодветните трендови, бои и силуети со цел да изгледате класично, но сепак во чекор со модата.

8. Обрнување внимание на детали

Момците со добар стил ја разбираат важноста на соодветните модни додатоци. Вниманието кон деталите е важно, бидејќи токму најмалите нешта се најзабележливи и го отсликуваат личниот стил. Никогаш не ја потценувајте моќта на одличниот пар очила или пак, впечатливиот часовник.

9. Отвореност за сите видови брендови

Дизајнерските куќи создаваат квалитетни парчиња облека, но момците со добар стил имаат тенденција да препознаваат добра модна комбинација без притоа да се потпираат на брендот или цената. Вие треба да бидете способни да разликувате кога нешто вреди, а кога не за одредена цена или пак, дали има или не дизајнерски бренд. Различноста е клучот за добриот стил, па токму затоа секогаш правете комбинации со и без познат бренд.

10. Предвремено планирање

Можеби ќе ви звучи непотребно за спомнување, но планирањето однапред ќе ви заштеди многу време додека истовремено ќе ви помогне и да ја најдете најсоодветната комбинација која ја поседувате. Мажите со добар стил ја разбираат важноста на деталите, како и фактот дека подготовката на облеката е клучот при одржување интегритет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар