10 најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите

10 најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите

Бабите и дедовците се најдобри кога е во прашање сакањето на вашите деца и помагањето во грижата околу нив. Сепак, постојат некои нивни постапки со кои може да ги излудат родителите. Ова се некои од таквите ситуации:

10 најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите

1. Прават родителите да изгледаат лошo

Со тоа што ги бранат децата од одлуките и наредбите на родителите, прават лоша услуга, бидејќи детето може да помисли дека она што нема да го добие од мама и тато, со сигурност му следува од баба и дедо.

2. Прашуваат за второ, трето, следно дете

Понекогаш бабите и дедовците не се во тек со семејните можности на нивните деца. Сосема е нормално некои да одлучат да имаат едно дете, а на секои баба и дедо желбата им е да изгледаат што повеќе внучиња.

3. Не се грижат ако испуштите важен настан

Секој родител сака да биде присутен кога неговото дете ќе прозбори, ќе прооди или првпат ќе успее да направи нешто што дотогаш не можело. Но, ако тоа се случи додека го чуваат баба или дедо, може лесно да заборават да снимат или да фотографираат, за и вие да можете да видите.

10 најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите

4. Прават да изгледате мрзливи

Кај баба дома, сè се прави чекор по чекор, од тесто, до печење. Кај мама, пак, овие нешта често се претходно подготвени и смрзнати. Иако е убаво што вашето дете ќе касне нешто свежо подготвено, ваквиот однос може лесно да иритира.

5. Ви набиваат чувство на вина

Секогаш потенцираат дека сте се оддалечиле или пак замеруваат што не останувате подолго на гости кај нив. Со ова однесување успеваат кај вас да предизвикаат чувство на вина дека не им посветувате доволно внимание, но вие сепак ги организирате сите активности врз основа на вашето слободно време и обврските.

6. Ги чуваат вашите деца „по нивно“

Никогаш не ги следат упатствата кои им ги давате, бидејќи тие веќе одгледале деца (вас) на начин кој се применувал во тоа време. Затоа, сосема е веројатно дека и вашето дете добива чоколатце кога е послушно, исто како што сте добивале и вие.

7. Не прашуваат за дозвола

Многу родители се на раб на нервен слом откако бабите и дедовците ќе одлучат да го однесат детето на фризер или пак на некој подолг излет, за кој не се известени.

10 најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите

8. Ги разгалуваат со подароци

Ако нешто не им купите на децата, многу е веројатно дека тие ќе го побараат тоа од своите баба и дедо, но и дека ќе го добијат. Најчесто, тоа се гласни играчки кои постојано прават врева, а батериите им траат бескрајно долго.

9. Ги критикуваат вашите родителски навики

Било да се работи за исхрана, за навики, за прошетки, за лечење, вашите родители ве критикуваат како родител бидејќи тие веќе имаат мислење за сè, а нивната родителска позиција прави да мислат дека е во ред да го искажат.

10. Ги споредуваат внуците

Ова е навистина непријатен момент, особено ако вашето дете е она кое е полошо од неговиот братучед. Обидете се да останете присебни и да не дозволите овие споредби да влијаат на вашето дете.

Прочитајте ги и овие 10 начини да заштедите како што тоа го правеле нашите баби и дедовци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар