10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност
Чистотата е половина здравје. Кога станува збор за чистотата на психата клучот лежи во мирниот ум, успехот и среќата во животот. Мирен ум и тело е еднакво на спокој и благосостојба. Денес мирот е најскапоцен, но и најпотребен. Неговата потреба може да се изедначи со потребата за вода. За да бидете во хармонија со самите себе, прво мора вашиот внатрешен свет да го исчистите од негативности. Па, како да постигнете детоксикација на вашата душа? Прочитајте во продолжение.
1. Елиминирајте ги влијанијата, а самата психа постепено ќе се исчисти и ќе зацврстува
Исклучете го загадувањето на околината. Престанете со ментално загадување. Исклучете ги телевизиските програми кои ви пренесуваат негативни вибрации, затворете им ја вратата на оние коишто мислат дека вашиот ум е место за фрлање на психоактивен отпад.
2. Побегнете од илузиите
Ослободете со од синџирите на социјалните мрежи. Излезете од виртуелниот свет – блокирајте ги каналите преку кои таа штетна негативност се вселува во вашите неврони.
3. Храна
Многу е важно што јадете, но уште поважно е во какво расположение јадете и кој е со вас присутен во просторијата додека јадете. Сè тоа влијае на психата на поединците.
4. Предмети
Ослободете се од сите предмети коишто ве ограничуваат, растажуваат и ве враќаат во негативно расположение. Едноставно е, земете го предметот во рака и ако не ви буди позитивни емоции – фрлете го!
5. Налепници
Сите налепници од шампоните, средствата за чистење, парфемот и останати производи одлепете ги и фрлете ги. Тие се скриени реклами коишто се направени да „бодат во очи“ и секогаш да бидат во вашиот фокус. Не сте свесни колку ви го одвлекуваат вниманието таквите производи, ги блокираат вашите мозочни клетки.
6. Престанете да го правите тоа што не ви се допаѓа и што не ви годи!
Многу е едноставно и за ова нема потреба од дополнително објаснување.
7. Одјавете се
Одјавете се од негативни луѓе и исклучете ги од својот живот. Прекинете да комуницирате со негативни и неурамнотежени луѓе.
8. Ослободете се од ментални трауми
Разговарајте со психолог за тоа што ве мачи. Тоа може да биде нешто од детството, можеби нешто што неодамна се случило и на кое не сте обрнале внимание, а тоа потсвесно ве труе. Признајте си ја траумата и исфрлете ја од вашиот ум.
9. Сфатете кои сте
Приспособете ја фреквенцијата на вашето ЈАС. Еднаш засекогаш сфатете кои сте, каде сте тргнале и што сакате. Кога ќе се усогласите сами со себе, сè ќе биде полесно.
10. Иднина
Исфрлете ја од глава сликата за како треба да изгледа вашата иднина. Препуштете ѝ се на сегашноста. Не се оптоварувајте со она што мора да биде или со што би било кога би било.
Откријте кои се знаците дека е време за детоксикација на вашата душа.