10 начини за брзо ослободување од главоболката

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Речиси половина од возрасните луѓе ширум светот се соочуваат со главоболка најмалку еднаш годишно. Постојат многу видови главоболки, како на пример мигрени, главоболки поради напнатост, главоболки поради проблеми со синусите или проблеми со очите и слично. Главоболките предизвикани од напнатост се едни од најчестите и од нив страдаат околу 1,6 милијарди луѓе. Бидејќи главоболката не дава никакви знаци дека ќе се појави, добро е да ги знаете овие начини за брзо ослободување од неа.

1. Терапија со температура

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Туширањето со топла вода ги релаксира напнатите мускули и може да ја намали главоболката. Но бидејќи нема секогаш да бидете во можност да се туширате, можете да користите и топли облоги.

2. Ароматерапија

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Аромата на одредени етерични масла, особено од лаванда, може да ја намали главоболката. Нежно масирајте ги челото и слепоочниците со маслото и легнете во тивка и затемнета просторија за да се релаксирате. Исто така добро е и маслото од нане кое е ефективно во намалување на мигрените.

3. Пијте вода

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Дехидратацијата е честа причина за главоболки. За да ги намалите, пијте доволно вода во текот на денот. Но имајте на ум дека претераното пиење вода може да предизвика хипонатремија, состојба каде што натриумот во крвта станува премногу разреден. Ова може да предизвика главоболка, гадење и подуеност – симптоми кои често се слични со оние на дехидратацијата.

4. Лекување со ѓумбир

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Ѓумбирот се користи со векови за лекување главоболки, вклучувајќи ги и мигрените. Неодамнешните истражувања само ја потврдиле неговата ефикасност. Доколку имате главоболка, можете да испиете сок од ѓумбир што ќе го направите самите – измешајте една лажичка ѓумбир во прав со вода.

5. Масажа на дланките

10 начини за брзо ослободување од главоболката

Можете да ја намалите главоболката и со помош на акупресура. Овие точки ја намалуваат напнатоста во главата и вратот, која пак често предизвикува главоболки. Точките се наоѓаат помеѓу палецот и показалецот.

  • Лоцирајте ја точката и штипнете ја нежно, но болно 10-тина секунди.
  • По 10 секунди, почнете да ја масирате точката со палецот и правете кружни движења. 10 секунди движете го во насока на стрелките на часовникот, а 10 секунди обратно.
  • Повторете на другата дланка.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар