10 начини на кои телото ве предупредува дека му се закануваат опасни болести под влијание на стрес

10 начини на кои телото ве предупредува дека му се закануваат опасни болести под влијание на стрес

Одвреме-навреме секој од нас се чувствува болно. Меѓутоа, ако постои нешто што константно ве мачи, би требало сериозно да го сфатите вашето здравје и да побарате помош. Со оглед на тоа како живееме, големи се шансите да станува збор само за стрес, но тоа не значи дека не е опасно за вас. Многу доктори велат дека тој може да предизвика различни болести. Во продолжение прочитајте кои се најчестите симптоми кои укажуваат на тоа дека вашето тело е под стрес и дека пати.

1. Кожни болести

1-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Псоријазата, акните и сличните кожни болести може да бидат предизвикани од стрес. Научниците спровеле истражување помеѓу студентите и пронашле директна врска помеѓу високото ниво на стрес и проблемите со кожата. Експериментот со глувци дал исти резултати. Животните кои биле изложени на големи дози стрес биле поподложни на кожни инфекции.

2. Промени во телесната тежина

2-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Можеби некогаш сте биле во ситуација да не успевате да ја стабилизирате тежината и покрај диетите и физичките активности. Некои интензивни искуства може да влијаат врз добивањето килограми. Како што се докажало, честите стресни ситуации го зголемуваа произведувањето на хормонот кортизол. Тој го стабилизира метаболизмот на мастите и јаглехидратите и го одржува неопходното ниво на шеќер во крвта. Ако личноста има премногу од овој хормон, таа ќе јаде повеќе, телото ќе произведува помалку тестостерон и ќе согорува помалку калории. Сето ова прави таа личност да се здебели.

Понекогаш, стресот и анксиозноста доведуваат до губење килограми. Ова се случува заради зголеменото ниво на адреналин во крвта. Адреналинот го забрзува метаболизмот, но го забавува топењето на мастите. Научниците исто така го обвинуваат кортикотропинот – ослободувачки хормон за губење килограми.

3. Чести настинки

3-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Како што веќе кажавме, стресот влијае на произведување кортизол, кој ги поттикнува воспаленијата. Меѓутоа, ако личноста е под хроничен стрес, нејзиниот имунолошки систем станува помалку чувствителен на кортизол, што резултира со сериозни воспаленија. Тогаш личноста е под поголем ризик да настине. Не обвинувајте го студеното време, бидејќи тоа само го поттикнува организмот кој веќе има ослабен имунолошки систем. Ако често настинувате, размислете за што најмногу се грижите во животот и обидете се да го елиминирате тој проблем.

4. Гастроинтестинални нарушувања

4-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Постои научен доказ дека стресот може да има негативен ефект на гастроинтестиналниот тракт. Понекогаш, лековите за надуеност и болки во стомакот не помагаат. Во тие случаи, посетата на психолог може да биде од голема помош. Тој ќе ја утврди причината за вашата анксиозност и ќе се обиде да ви помогне.

5. Потешкотии со фокусирањето

5-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Луѓето кои се под стрес подолго време, потешко може да се фокусираат на задачите. Ако забележите дека сте помалку фокусирани од обично, можеби е време малку да забавите и да се ресетирате.

6. Губење на косата

6-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Научниците дошле до заклучок дека стресот може да доведе до делумно или целосно губење на косата. Ако сте забележале дека имате помалку коса од обично, а различни витамини не даваат позитивен ефект, стресот може да биде причината за тоа. Затоа, ако сакате убава коса, престанете да бидете нервозни.

7. Главоболки

7-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Главоболките се јавуваат заради многу причини: остеохондроза, лоша положба во текот на спиењето, низок или висок притисок, синуситис, бременост… Меѓутоа, понекогаш главоболките се предизвикани од емотивниот стрес дома или на работното место. Земањето лекови може да помогне. Сепак, ако не ги исклучите стресните ситуации од вашиот живот, главоболката одново и одново ќе се враќа.

8. Намалено либидо

8-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Емотивно исцрпената личност, што често е изложена на стрес, обично има ниско либидо. Научниците спровеле студија и дошле до овој заклучок. Затоа, ако долго не сте имале односи со партнерот, не лутете се и не грижете се, бидејќи тоа нема да помогне. Ако вистинската причина е стресот, само ќе ја влошите ситуацијата. Би било одлично да заминете на заеднички одмор и барем на кратко да се оттргнете од сите проблеми.

9. Проблеми со спиењето

9-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Стресните ситуации може да бидат причина за сериозни проблеми со спиењето. Можете да патите од несоница ако подолго време сте под стрес. Ова е многу тешка ситуација, бидејќи личноста не може нормално да работи и да ужива во животот без добар сон. Кога таблетите за спиење повеќе не помагаат, можеби е време да посетите доктор. Многу е важно да пронајдете причина за вашите проблеми со спиењето и да ја елиминирате.

10. Кардиоваскуларни болести

10-10-nachini-na-koi-teloto-ve-predupreduva-deka-mu-se-zakanuvaat-opasni-bolesti-www.kafepauza.mk_

Нашите срца минуваат низ многу нешта во текот на животот, вклучувајќи ги и добрите и лошите работи. Стресот има лошо влијание на срцето. Научниците докажале дека хроничниот стрес е еден од најчестите причини за кардиоваскуларните болести. Околностите како тешко работно место или обратно, немањето никаква работа воопшто, животот во сиромаштија и семејните проблеми само ја влошуваат ситуацијата.

Доколку заклучивте дека сте под стрес, тогаш ви препорачуваме да ги примените овие чудни техники кои го намалуваат стресот и веднаш ќе ве релаксираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар