10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот

10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот

Растењето со брат и/или сестра ве прави она што сте денес. Тие се вашите први пријатели, но и први непријатели. Токму затоа сите настани со нив ве научиле како да се справувате со другите луѓе и ве направиле посилни во однос на справувањето со проблемите. Тие се бесценет дел од вашиот живот, и покрај тоа што како деца не сте можеле да го забележите тоа…

10 начини на кои со растењето се зближувате со сестрата и/или братот

1. Порано игравте видео игри, а денес играте игри со пораки

И покрај тоа што порано седевте на каучот и игравте игри на нинтендо или сони, денес вие водите секојдневна битка за како меѓусебно да се насмеете со најурнебесните мемиња и селфиња кои можете да ги направите.

2. Порано се издававте на вашите родители, а денес ги чувате вашите најдлабоки тајни

Кога бевте помлади, беше во ред да го издадете и да ја обвините незрелоста за вашето однесување, но како што растете, така сфаќате дека всушност вашите браќа и/или сестри се најдобрите чувачи на тајни. Вие си кажувате сè за вашиот живот и воопшто не се грижите дека ќе бидете осудувани од нив или пак, дека тие ќе ја пренесат оваа тајна понатаму.

3. Порано се натпреварувате едни со други, а сега сте си најголемата поддршка

Додека растевте беше сосема нормално да се надминувате со цел да бидете најдобри во сè. Ова се случува поради постојаното споредување со вашите браќа и/или сестри и токму тоа може да биде стресно за млада личност. Но, сега кога сте постари веќе знаете кои се вашите силни страни, соништа и способности и токму затоа сте си најголемата поддршка која постои. Вие играте за истиот тим!

4. Порано бевте љубоморни едни на други, но денес се цените онакви какви што навистина сте

Многу е лесно да се биде љубоморен на братот или сестрата, особено ако имаат одреден талент. Но, како што растете така сфаќате дека и вие имате таленти, кои и покрај тоа што се различни, сепак и тие вредат исто колку нивните. Вие ги цените и се гордеете со нив.

5. Порано мислевте дека тој или таа е од Марс, но денес се гледате себеси во нив

Како дете, многу е лесно да се запрашате како е воопшто можно да сте во роднинска врска со овие луѓе, но како што растете така сфаќате дека вие сте исти како вашите браќа и/или сестри. Вие сте изградени од истата основа, без разлика на тоа колку сте различни.

6. Порано бевте посесивни, а денес делите сè.

Кога станува збор за делење, вие го почитувавте правилото „што е мое, мое е“. Но, денес сфаќате дека вашите браќа и сестри се вашето семејство и дека тие се единствените луѓе кои навистина вредат. Стварите си се ствари, но семејството е засекогаш!

7. Порано сте прифатиле дека сте заглавени еден со друг, но сега знаете дека не постои друга личност со која сте поблиски

Не можете да ја избирате вашата фамилија, точно. И без разлика на тоа колку ве полудувале вашите браќа и/или сестри додека сте растеле, вие не можете да го замислите животот без нив. Тие можеби не се совршени, но дефинитивно се ваши! Тие се оние кои ве направиле личноста која сте денес.

8. Порано полудувавте кога сестра ви ви ја крадеше вашата облека, но сега и вие ја „крадете“ нејзината

Таа секогаш го гледала вашиот шкаф како нејзин личен бутик од кој зема сè што ѝ се допаѓа и токму ова ве полудувало кога бевте помлади. Вие поминувавте часови барајќи ги вашите фармерки со висок струк пред да дознаете дека сестра ви веќе ги носи на неа. И покрај тоа што не сте сигурни кога развила сопствен стил или пак, кога купила подобра облека, вие во моментов постојано се облекувате од нејзиниот шкаф.

9. Порано сакавте да бидете целосно одделени, но сега сте горди затоа што сте дел од истата група

Вие сакавте да бидете своја личност и да не ве поврзуваат со вашите браќа и/или сестри на никој начин бидејќи тоа влијае врз вашиот карактер. Не сакавте да бидете познати како „помладата сестра на Дијана“ или „постариот брат на Марко“. Вие сакавте да бидете ВИЕ! Но, денес сте среќни затоа што ве гледаат како група бидејќи знаете колку добра комбинација сте заедно.

10. Порано бевте смртоносни непријатели, денес сте најдобри пријатели

Дали постои поспротивставено ривалство од она помеѓу браќата и/или сестрите? Тие се најголемиот натпревар и најдобрите играчи кои ги познавате. Но, денес сте возрасни и ова ривалство е веќе далеку позади вас бидејќи денес правите сè што е во ваша моќ за да си помогнете едни на други. Денес сте најдобрите пријатели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар