10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

Вашата пасивност зависи од вашиот карактер, вашите перцепции за светот и вашето место во него, и се разбира, специфичноста на дадената ситуација. Пасивноста може да биде корисна стратегија и здрав механизам за соочување со некои животни моменти, но, исто така може да стане и навика. Кога пасивноста ќе почне да доминира во вашите одговори и интеракции и кога ќе почне да го одредува вашиот општ пристап во животот, тоа може да резултира со повеќе штета отколку корист. Следната листа може да ви помогне да процените дали имате пасивни тенденции и навики и дали треба да се обидете да ги промените.

Како пасивните луѓе го гледаат светот?

10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

1. Својата иднина ја препуштаат на судбината. „Ако ни е пишано да бидеме заедно, ќе бидеме“. Понекогаш работите навистина можат да се средат сами од себе, но тоа многу почесто се случува ако двајцата партнери имаат активна улога во градењето поцврст однос.

2. Веруваат дека работите можат едноставно да се случат. „Зошто секогаш ми се случуваат лоши работи?“ Во реалноста, добри и лоши работи му се случуваат на секој човек. Можете да чекате да ви се случи нешто добро или можете да се обидете сами да го остварите тоа.

3. Го поистоветуваат неуспехот со судбината. „Мислам дека едноставно не ми е судено да го правам ова.“ Неуспехот е дел од сечиј пат, но не е последната станица. Избегнувајте го ваквиот начин на размислување и секогаш имајте ги на ум следниве 3 работи: Трпение, упорност и доследност.

4. Веруваат дека среќата е важна состојка во успехот. „Среќата не била на моја страна.“ Среќата, како и да ја дефинирате, не е под ваша контрола, но подготовката, планирањето, трудот и времето се исти. Фокусирајте се на тие варијабли.

Како пасивните луѓе комуницираат?

10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

1. Нивниот јазик е несигурен и неодлучен. „Во ред, може да биде така некако.“ Обидете се да практикувате директен и јасен говор. Обрасците на говорот се обична навика и можат да се сменат.

2. Постојано бараат одобрувања. „Се надевам нема да ти смета тоа што ќе го кажам…“ Ако сите други кои се вклучени во разговорот даваат сугестии и мислења, а вие барате дозвола за нешто да кажете или предложите, можете да дадете слика на слаба и помалку вредна личност.

3. Ги омаловажуваат своите ставови. „Можеби грешам, не сум експерт, но можеби…“ Започнувањето разговор со изјава дека можеби не сте во право ќе ги доведе другите учесници во разговорот до заклучок дека најверојатно и не сте во право. Вие на тој начин им отежнувате да го прифатат тоа што сакате да го кажете.

4. Имаат проблем да се одлучат. „И двете опции имаат смисла…“ Можеби се обидувате да го намалите потенцијалниот конфликт со неподдржувањето на која било од опциите кои се пред вас, но поради тоа изгледате неодлучно или како да се плашите да направите избор. Ако имате мислење, изразете го.

Како пасивните луѓе им ги препуштаат работите на другите?

10 начини на кои пасивноста ве спречува да постигнете сѐ што сакате во животот

1. Потребите на другите ги ставаат на прво место. „Можам да јадам и десерт, но ако сакате да си одиме, ќе си одиме.“ Преку овој начин на комуницирање велите дека потребите на другите личности се поважни од вашите, што веројатно не е вид на општата динамика којашто сакате да ја воспоставате.

2. Велат „да“ кога повеќе би сакале да речат „не“. „Морам рано да станам утре, но се разбира дека можам да те испратам.“ Сметате дека личноста која ви е драга ќе се навреди ако кажете „не“, но тоа навистина зависи од начинот на кој тоа го кажувате. Можете да бидете искрени, но секогаш нагласете ги своите потреби и нивната важност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар