10 начини кои ќе ви помогнат за момент да ја поправите вашата фризура

10 начини кои ќе ви помогнат за момент да ја поправите вашата фризура

Би сакале во секој момент да имате фризура на која сите би ѝ се восхитувале, исто како на вашите омилени ѕвезди? Сега, оваа желба можете лесно да ја исполните со помош на нашите совети кои ќе ви овозможат едноставно и брзо да ја поправите вашата фризура.

Fashion photo of  beautiful woman with  ponytail. Beauty woman on pink background

1. Сув шампон за миење на косата пред спиење

На коренот на косата нанесете сув шампон пред спиење, за наутро кога ќе се разбудите да имате коса полна со волумен и текстура, но и за да ја избегнете масната кожа на главата.

2. Зајакнете го опавчето

Доколку имате долга коса и ја носите врзана во опавче, следниот пат околу него намотајте 2 или 3 стегачи. Всушност, дополнителните стегачи ќе направат тоа да изгледа погусто и побујно.

3. Помош од четката за заби

На чиста четка за заби напрскајте лак за коса и со неа „исчешлајте“ ги сите влакна кои ви стрчат на темето.

Beautiful woman with teeth braces, cleans teeth with toothbrush

4. Супер и за плетенки!

Доколку сакате несовршени плетенки во бохо стил, и нив можете да ги прочешлате со чиста четка за заби. Овој трик можете да го примените и на пунџата, со цел да ја направите поопуштена.

5. Сјај наспроти маснотија

Кога нанесувате каков било препарат на косата кој е наменет за нејзин сјај, најпрво нанесете го на дланките, потоа на краевите, а дури потоа благо размачкајте го на коренот.

Good morning!

6. Кул бранови

За да имате необични бранови во косата, пред спиење исплетете ја во две плетенки. Кога ќе се разбудите, првите неколку прамени кои ви паѓаат на лицето извиткајте ги со фигаро и ќе имате совршена бохо фризура.

7. Сокријте ја лошата фризура

Понекогаш, кога не сте задоволни со вашата нова фризура, можете лесно да ја сокриете со помош на дополнителни локни. Употребете фигаро и извиткајте неколку прамени – колку повеќе неуредно, толку подобро!

8. Фризура за тренинг

Пред следниот тренинг, на косата нанесете маска, а потоа исплетете ја во плетенка или соберете ја во пунџа. Температурата која вашето тело ја постигнува во текот на физичките активности ќе помогне да се ослободат сите хранливи материи од маската, а после тренингот ќе имате преубава коса.

Portrait of a young woman exercising with weights

9. Оригинални плетенки

Секоја плетенка ќе изгледа оригинално доколку во неа вплетете неколку потенки сатенски ленти во некоја жива боја.

10. Прво користете балсам

Доколку имате рамна коса, секогаш прво нанесете балсам, па потоа шампон. Всушност, балсамот најпрво ќе ја отстрани маснотијата и ќе ја направи косата полна со волумен уште пред шампонирањето.

5-samo-so-eden-poteg-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-za-moment-da-ja-pravite-vashata-frizura-www.kafepauza. mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар