10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

Што и да направиме во животот си носи свои последици, особено кога станува збор за нашето здравје. Најчесто не обрнуваме преголемо внимание, сè додека не настане некој проблем. Со неконтролираното пиење газирани пијалаци голем е ризикот од дијабетес, а со брза и масна храна ризикуваме добивање на срцеви болести. Често ги правиме нештата неразмислувајќи за последиците. Секогаш е полесно да се спречи отколку да се лечи. Ова се 10 многу едноставни и лесни начини како да се живее поздрав живот, кои треба да ги претворите во своја навика.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

1. Јадете што е можно повеќе природна храна

Кога храната се обработува, се додаваат разни хемикалии и адитиви со цел да трае подолго и да биде повкусна. Секогаш кога имате можност одбирајте сезонска храна, свежо овошје и зеленчук, неконзервирана и непреработена храна.

2. Пијте многу вода

Потребата за жед е лесно да се помеша со чувството на глад, па доколку мислите дека сте гладни, можеби на вашето тело му се потребни течности. Водата е како гориво за телото, му помага да функционира подобро и го забрзува метаболизмот. Пијте што е можно повеќе вода. Секогаш со себе носете си шише со вода, особено додека вежбате или извршувате други физички активности.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

3. Намалете ја количината на храна која ја внесувате

Просечен човек се прејадува 4-5 пати неделно. Само еден оброк во ресторан најчесто содржи повеќе од бројот на калории што човек треба да ги внесе преку целиот ден. Не дека треба да гладувате, напротив. Но, редовното прејадување не само што ќе ја накачи килажата, туку е штетно за вашето здравје. Избегнувајте оброци во ресторани, бидејќи во домашните оброци сами одлучувате колку ќе ставите во чинијата и не секогаш мора да изедете сè бидејќи сте платиле за цел оброк или бидејќи другиот до вас сè уште не завршил со оброкот. Научете да го препознаете моментот кога сте сити и да престанете со јадење.

4. Секојдневно бидете активни

Недоволната физичка активност може да придонесе за голем број здравствени нарушувања. Освен тоа, луѓето кои не се движат редовно и не се активни полесно паѓаат во депресија и повеќе чувствуваат замор. Не мора да следите некој измачувачки тренинг, доволно е да го зголемите бројот на чекори во секојдневните активности. Одберете ги скалите наместо лифтот, појдете пеш до продавница или паркирајте се подалеку од маркетот, искористете ја секоја можност да бидете поактивни без претерано да се заморувате и телото ќе ви биде благодарно.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

5. Намалете со алкохолот

Не само што влијае штетно на вашето здравје и надворешна убавина, алкохолот може да ви го отежне донесувањето разумни одлуки. Поголемата количина алкохол ќе ве спречи наредниот ден да станете на време и да ги извршите обврските. Секогаш е добро да се наздрави и прослави, но умерено и со самоконтрола.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

6. Чистете ја околината во која живеете

Чистотата на просторот околу вас е клучна за вашето здравје и позитивно расположение. Доколку просторот каде живеете не е добро исчистен ризикувате редовно да се дружите со многу бактерии и вируси. Прашината и мувлата имаат негативен ефект врз системот за дишење. Редовно проветрувајте ги просториите, внесете зеленило во вашата канцеларија или дневна соба и грижете се за хигиената на просториите.

7. Обрнете внимание на држењето на вашето тело

Лошата позиција на телото ќе резултира со болки во мускулите или искривување на `рбетот. Покрај болките во грбот, кои најчесто се појавуваат при неправилна позиција на телото, проблемите со рамената и вратот не се исклучок. Трудете се да седите правилно и да одите исправено. Не поминувајте долго време седнати пред компјутер или телевизор. Не потценувајте ја болката во мускулите или `рбетот. Доколку редовно чувствувате болка, купете ортопедски помагала.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

8. Вклучете се во активности кои ги сакате

Доколку не најдете начин да се ослободите од стресот, тој ќе продолжи да расте во вас, сè додека еден ден не резултира со вртоглавици, несоница, или посериозни болести. Редовно посветувајте им внимание на нештата кои ве опуштаат, како работењето во градина или спортување. Што и да е, направете ја таа активност клучен дел од вашиот живот.

9. Редовно поминувајте време со семејството и најблиските

Направете место во вашите зафатени распореди за луѓето кои ви значат и ве расположуваат. Не само што ќе го подобрите вашето здравје и расположение, туку и нивното. Луѓето кои имаат длабоки и емотивни врски живеат поисполнет и поздрав начин на живот.

10 начини како да почнете да живеете поздрав живот за само една недела

10. Не потценувајте го дејството на сонот

Спиењето е најважен фактор за функционирање на организмот. Во тие часови на комплетна релаксација, вашиот мозок има време да ги складира информациите примени во текот на денот. Некогаш ги намалуваме часовите за спиење мислејќи дека така добиваме време за други обврски. Но, вистината е дека по доволен сон вашата работа ќе биде попродуктивна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар