10 начини да го зголемите нивото на допамин во вашето тело
Допаминот е еден од најважните хормони и тој е одговорен за начинот на којшто се чувствуваме во моментот. Кога се намалува нивото на допамин во телото, чувствуваме тага и стрес. Кога нивото на допамин е високо, се чувствуваме расположено и среќно. За среќа постојат неколку природни начини да го зголемите нивото на допамин во вашето тело. Можете да ги употребувате секогаш, или по потреба кога се чувствувате лошо.
1. Вежбање
Секоја физичка активност го стимулира ослободувањето на ендорфини, допамин и серотонин, односно на хормоните на среќа. Редовното вежбање ќе ви помогне да се ослободите од стресот, фрустрацијата и хроничниот замор. Од голема важност е и да уживате во физичката активност, па одберете го она што ви причинува најмногу задоволство.
2. Детоксикација
Насобирањето бактерии и токсини во телото го ослабува имунитетот и го намалува производството на допамин. Па, обидете се редовно да го прочистувате вашето тело. На овој начин ќе бидете поздрави и ќе се чувствувате многу подобро.
3. Избегнувајте ги зависностите
Шопингот, цигарите, кафето, алкохолот и наркотиците можеби прават да се чувствувате добро, но овој ефект е многу краток. Со текот на времето овие навики можат да предизвикаат сериозни проблеми, па обидете се да ги замените со нешто друго.
4. Слушајте музика
Еден од наједноставните начини да почнете да се чувствувате добро и да го поттикнете лачењето на добрите хормони е слушањето на омилената музика. Само неколку минути ќе ви го подобрат расположението и ќе ви го вратат оптимизмот.
5. Почесто излегувајте со пријателите
Можеби најлесниот начин да го зголемите нивото на допамин е дружењето со пријателите и семејството. Дури и ако сте интроверти, разговорот со сакана личност може да направи огромна разлика.
6. Бидете креативни
Креативните активности значително го зголемуваат нивото на допамин во мозокот. Ова не значи дека треба целосно да ѝ се посветите на уметноста. Доволно е да направите некој украс, да зготвите нешто, да го промените распоредот во домот… Овие активности навистина ќе направат да се чувствувате одлично.
7. Зголемете го нивото на тирозин
Тирозинот е една од најважните супстанци во нашето тело и служи за синтеза на допаминот. За да го зголемите неговото ниво консумирајте храна богата со оваа материја, како бадеми, авокадо, банани, лубеница, зелен чај и црно чоколадо.
8. Медитирајте или молете се
Научно е докажано дека медитацијата и молитвата можат да го зголемат нивото на допамин, и тоа на целосно поразличен начин од физичката активност. Кога сте целосно опуштени, телото ослободува повеќе ментална енергија којашто има големо влијание на лачењето допамин.
9. Направете листа со цели
Секојдневното составување листа со цели и нејзиното поставување на видно место е одличен начин да се расположите. Покрај тоа, со овој метод нема да ги заборавите важните обврски. Кога ќе направите што било од листата, прецртајте го и ќе забележите дека веднаш ви е подобро, особено ако сте завршиле нешто важно и тешко.
10. Спијте доволно
Додека спиеме, нашето тело започнува со производство на хормони и супстанци кои можат да го подигнат нивото на допамин. Добриот сон сам по себе е посебен вид среќа.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате природно високо ниво на допамин.