10 начини да ги искористите чепкалките за уши во вашата секојдневна рутина

10 начини да ги искористите чепкалките за уши во вашата секојдневна рутина

Чепкалките за уши се наоѓаат во секоја бања, а може да се употребат на многу забавни и корисни начини, особено кога се шминкањето и дотерувањето во прашање. Во продолжение прочитајте што сè можете да правите со нив.

1. Со чепкалки за уши можете да ја поправите шминката на очите, односно да го отстраните вишокот ајлајнер, молив или сенка.

2-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

2. Можете да ги користите како замена за четкичката за кармин.

3-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

3. Тие се одлични за прецизно нанесување коректор на акните.

11-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

4. Со нивна помош, пред спиење, можете да нанесете рицинусово масло на коренот на трепките и веѓите за да го забрзате нивниот раст.

12-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

5. Доколку ги намачкате со сенка за очи која е во иста боја како вашата коса, со нив ќе можете да го маскирате подраснатиот корен.

4-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

6. Со чепкалки за уши можете да го отстраните вишокот крема за самопотемнување од прстите и на тој начин да ја избегнете појавата на грди флеки.

6-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

7. Ви се заглавил патентот? Натопете една чепкалка за уши со шампон, со неа намачкајте го патентот и проблемот е решен.

7-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

8. Со малку ацетон и една чепкалка за уши лесно ќе го поправите вашиот маникир.

8-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

9. Со чепкалка за уши можете да нанесете лепак за трепки на вашите вештачки трепки.

10-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_

10. Убаво напрскајте неколку чепкалки за уши со вашиот омилен парфем и ставете ги во пластична кеса која ќе можете да ја чувате во фиоката од вашата работна маса или чанта. На овој начин ќе можете едноставно да нанесете парфем на вратот без да го носите целото шишенце.

9-10-nachini-da-gi-iskoristite-chepkalkite-za-ushi-vo-vashata-sekojdnevna-rutina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар