10 модни трикови кои ќе ве спасат кога ќе ви биде најпотребно
Колкупати сте се нашле во ситуација кога сте биле во канцеларија или сте се брзале на важен состанок, а модната комбинација воопшто не ви соодветствувала со атмосферата? Ова може целосно да го уништи вашиот ден! Имајќи го тоа на ум, за вас испробавме и тестиравме 10 трикови кои може да ви го спасат животот кога се во прашање проблемите со облеката. Погледнете како едноставно и за само неколку минути да изгледате како од списанијата.
1. Облечете здолниште без ризик дека ќе одлета
Сакате широки здолништа, а надвор дува ветар? Тогаш сигурно знаете дека во секој момент целата улица може да ја види вашата долна облека. Брзо решете го овој проблем така што ќе земете од 6 до 10 метални парички и ќе ги залепите на работ на здолништето од внатрешната страна. Тие ќе го држат здолништето на место и ветерот нема да може да ја уништи вашата модна комбинација.
2. Трик со фармерки за трудници
Најпрво, да ви честитаме за бременоста! Некаде во второто тримесечје ќе откриете дека повеќе не можете да ги закопчате вашите омилени здолништа и фармерки. Не грижете се! Земете растеглива блуза и навлечете ја до струкот. Потоа завиткајте ја врз отворениот патент. Успешно сте направиле облека за трудници!
3. Длабоки чизми
Чизмите не изгледаат добро само на каубојците. Меѓутоа, најдобриот начин за нивно носење го знаат малкумина. Едноставно вовлечете ги фармерките во долги чорапи, а потоа облечете ги чизмите врз чорапите.
4. Од стар до нов џемпер со помош на брич
Стар, но добар – сите ние имаме некој таков топол џемпер од кој не можеме да се опростиме. Можете малку да го исчистите со помош на брич, но внимавајте да не му наштетите на џемперот и да му направите дупка ако е ретко плетен или направен од синтетика.
5. Поправка на искинати панталони
Конечно сте се вовлекле во шорцевите или фармерките од средно, но сте морале да се наведнете и тие се расцепиле по рабовите? Не грижете се! Ако никако не можете да отидете дома за да се пресоблечете, искористете ја хефталицата на внатрешниот раб на вашите панталони или шорцеви. Ова ќе ви даде неколку дополнителни часови, а другите луѓе најверојатно нема ни да забележат.
Продолжете на следната страница за останатите трикови…